Свет
Клинтон во посета на Ирак

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави во Багдад дека САД нема да го напуштат Ирак и покрај плановите за повлекување на своите сили
Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави во Багдад дека САД нема да го напуштат Ирак и покрај плановите за повлекување на своите сили од земјата, каде насилството ескалира.
Клинтон рече дека ситуацијата внимателни се следи и оти ништо нема да ги загрози напорите да се подобри професионалниот квалитет на ирачките сили за безбедност.
Државната секретарка додаде дека самите Ирачани, посебно силите за безбедност, треба да се обединат и да ги надминат сите несогласувања./крај/о/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Гардијан: Вработените во УСАИД добија нови инструкции, наредено им е да ги исечат и запалат доверливите документи

Официјални лица на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) започнаа со масовно уништување на доверливи документи во нејзиното седиште во зградата Роналд Реган во Вашингтон, со помош на машина за уништување хартија и специјални „вреќи за палење“, покажува внатрешна е-пошта што ја видел Гардијан.
Е-поштата, испратена од вршителот на должноста секретар на УСАИД, Ерика Џ. Кар, содржи упатства до вработените за постапката за уништување документи од сефови кои содржат доверливи податоци и лични документи.
Во вторникот им било наредено да користат шредери за што повеќе документи во текот на денот, а да користат „вреќи за палење“ со ознака „ТАЈНА“ само кога шредерите ќе се расипат или прегреат, пишува Гардијан.
Оваа акција доаѓа во време кога УСАИД се соочува со затворање, откако администрацијата на Доналд Трамп спроведе реформи преку таканаречениот „Оддел за владина ефикасност“, на чиешто чело е најбогатиот човек во светот, Илон Маск, кој има задача драстично да го намали бројот на вработени во владините агенции и да ги намали државните трошоци.
Во атмосферата на голема неизвесност што ја тресе американската администрација, УСАИД е една од агенциите што е најмногу погодена. Драстичното намалување на буџетот и откажувањето на проектите ширум светот предизвика бура од бес, како кај вработените во агенцијата, така и кај глобалната меѓународна развојна заедница. Експертите предупредуваат дека затворањето на УСАИД ќе има катастрофални последици за најранливите популации во светот.
Според сегашниот Федерален закон за архиви и записи (ФРА), кога федералните агенции се распуштаат или реорганизираат, нивните записи мора да бидат предадени на новите институции или на Националната управа за архиви и записи (НАРА). За време на хаотичното повлекување на САД од Авганистан во 2021 година, НАРА предупреди на обврската за правилно уништување на доверливите документи.
Но, законот изречно забранува уништување на службените исправи пред да истече пропишаниот рок на чување, кој во повеќето случаи е најмалку три години. Исто така, постои загриженост дека оваа практика би можела трајно да ги отстрани доказите потребни за тековните барања на Законот за слобода на информации и идните истраги на комитетот за надзор.
Канцеларијата на генералниот инспектор на УСАИД минатата година започна истрага за надзорот на агенцијата за испораката и користењето на терминалите „Старлинк“ во Украина, кои се обезбедени од компанијата на Маск.
Европа
Руски извори: Путин е во силна позиција, тешко дека ќе се согласи

Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа вчера, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина ќе мора да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва. Руската инвазија на Украина во 2022 година остави стотици илјади мртви и ранети, раселени милиони луѓе и ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени претходната американска политика кон Русија, отворајќи билатерални разговори со Москва и суспендирајќи ја воената помош и размената на разузнавачки информации со Украина, велејќи дека таа мора да се согласи со условите за завршување на војната.
Соединетите Држави вчера се согласија да продолжат со воената помош и размената на разузнавачки информации, откако Киев соопшти дека е подготвен да го поддржи предлогот за прекин на огнот.
„Малку е веројатно дека ќе се согласат на прекин на огнот во неговата сегашна форма“
Висок руски извор изјави за Ројтерс дека на претседателот Владимир Путин ќе му биде тешко да се согласи со идејата за прекин на огнот без да се договорат условите и да добијат некакви гаранции. „Тешко е Путин да се согласи со тоа во сегашната форма“, изјави за Ројтерс изворот, кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на ситуацијата.
„Путин има силна позиција бидејќи Русија напредува“, додаде тој. Изворот рече дека без гаранции заедно со прекинот на огнот, позицијата на Русија може брзо да стане послаба, а Западот потоа може да ја обвини Русија за неуспехот да ја заврши војната.
„Изгледа како стапица“
Друг висок руски извор рече дека предлогот за прекин на огнот од перспектива на Москва изгледа како замка бидејќи на Путин би му било тешко да ја запре војната без конкретни гаранции или ветувања.
Трет руски извор рече дека поголемата слика е дека Соединетите Држави се согласиле да ја продолжат воената помош за Украина и размената на разузнавачки информации и дека го „украсиле“ потегот со предлог за прекин на огнот.
Кремљ се уште не коментирал.
Што рече Путин во декември?
Путин во декември рече: „Не ни треба прекин на огнот, потребен ни е долгорочен мир обезбеден со гаранции за Руската Федерација и нејзините граѓани. Тешкото прашање е како да се обезбедат овие гаранции“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одлуките за конфликтот во Украина ќе бидат донесени во Москва, откако Киев соопшти дека е подготвен да го поддржи предлогот на Вашингтон за 30-дневен прекин на огнот, пренесе ТАСС.
„Формирањето на позицијата на Руската Федерација не се случува во странство поради некои договори или напори на некои страни. Формирањето на позицијата на Руската Федерација се одвива во рамките на Руската Федерација“, рече таа.
„Со Русија ќе биде поинаку“
Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предлогот за прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, во средата рече дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон.
„Русија напредува (во Украина) и затоа ќе биде поинаку со Русија“, рече Константин Косачев, претседател на комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, во објава на Телеграм.
„Секој договор – со сето разбирање за потребата од компромис – под нашите услови, не американските. И тоа не е фалење, туку разбирање дека вистински договори сè уште се пишуваат таму, на фронтот. А тоа треба да го разберат и во Вашингтон“, посочи тој.
Европа
(Видео) Русите го зазедоа клучниот град во Курск, објавија снимка од знамето во центарот на градот

Руската војска ја врати контролата врз центарот на Суџа во областа Курск, изјави командантот на баталјонот на групата Север за руската новинска агенција РИА.
Според него, руските војници го поставиле руското знаме во центарот на градот, веднаш до зградата на градската управа.
Russia: The Russian fascists have retaken control of downtown Sudzha in Kursk region. The major offensive began immediately after the US administration cut off Ukraine from US intelligence, leaving Ukrainians effectively blind. pic.twitter.com/Z8AMNyzHWX
— Igor Sushko (@igorsushko) March 12, 2025
Комерсант пренесува дека има снимки на кои се гледа знамето и руски војници кои стојат до него.
„Денеска на зградата на градската управа беа подигнати руското знаме и знамињата на воените единици кои учествуваа во операцијата“, изјави командантот на баталјонот.
Во август минатата година, за време на ненадејната украинска офанзива, Суџа стана клучна точка на конфликт. Украинските сили ја преминаа границата и го зазедоа градот, што го означи најголемиот напад на руска територија од Втората светска војна. Оваа акција и овозможи на Украина да преземе контрола врз значителен дел од територијата во област Курск.
Заземањето на Суџа имаше неколку стратешки импликации. Градот се наоѓа во близина на границата со Украина и беше клучна точка за логистика и снабдување на руските сили во регионот. Неговото заземање им овозможи на украинските сили да ги прекинат руските линии за снабдување и да извршат притисок врз руските сили во другите делови на источна Украина. ,
Покрај тоа, во Суџа се наоѓа и мерна станица за природен гас, клучна за протокот на рускиот гас преку украинските гасоводи до Европа. Иако немаше непосредни индикации дека протокот на гас е нарушен, контролата на овој објект ѝ даде на Украина дополнителна моќ во конфликтот. ,
Украинската офанзива во регионот Курск, вклучително и заземањето на Суџа, беше тактички потег дизајниран да ја промени геометријата на бојното поле, да ги прошири руските линии и да ги принуди руските сили да ги преиспитаат своите распоредувања. Оваа промена ѝ овозможи на Украина да ги користи внатрешните линии на комуникација за побрзо преместување на персоналот и залихите, создавајќи стратешки предности во конфликтот.
Меѓутоа, во изминатите неколку недели, руските и севернокорејските сили речиси целосно ги протераа украинските војници од регионот Курск во насилна офанзива.