Свет
Новиот грип се шири и вон Мексико
Новиот мексикански грип се шири и излезе вон границите на Мексико и стана пренослив од човек на човек, соопшти Светската здравствена организација
Новиот мексикански грип се шири и излезе вон границите на Мексико и стана пренослив од човек на човек, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Агенцијата на Обединетите нации за здравје ја зголеми тревогата за пандемија на овој нов тип на грип на четврто ниво од можни шест, и ги предупреди сите држави дека треба да се подготват за најтешките ситуации.
Помошникот на генералниот директор на СЗО Кеиџи Фукуда ги повика сите држави внимателно да се подготват.
Фукуда изјави дека меѓу заразените се појавила група заболени студенти од Њујорк кои не патувале во Мексико, но се претпоставува дека со вирусот ги заразиле колегите кои штотуку се вратиле од оваа држава.
Ова, според Фукуда, значајно наговестува дека вирусот на новиот грип може да се пренесе од човек на човек, со што се зголемува опасноста од пандемија.
“Многу е можно дека, како што најави Европскиот центар за контрола и превенција на болеста, да се појави поблаг облик на пандемија. Тоа би било најдобра од можните ситуации во текот на која би се сопрело ширењето, а вирусот би се сузбил“, вели Фукуда.
“Сакам да потенцирам дека најлошата пандемија на 20 век беше пандемијата на шпанска треска во 1918 година која исто така почна како поблаг облик на пандемија, односно вирусот полека се ширеше за да нагло мутира и однесе милиони животи“, предупреди претставникот на СЗО.
Новиот груп, досега, во Мексико одзеде 152 живот, а 1995 се заразени или се претпоставува дека се заболени.
Во Европа се потврдени четири случаи на заболени, и тоа во Шпанија и Велика Британија, а постојат сомневања и за заболување на пет лица во Австрија./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

