Свет
H1N1: Официјално потврдени 985 случаи во 20 држави
Лабораториските наоди потврдуваат дека во Мексико се заразени 590 лица со вирусот А (H1N1), од кои 25 се смрнти случаи, додека во светот официјално
Лабораториските наоди потврдуваат дека во Мексико се заразени 590 лица со вирусот А (H1N1), од кои 25 се смрнти случаи, додека во светот официјално се пријавени 985 заразени во 20 држави.
Овие податоци денеска ги објави Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека бројот на заразени во Мексико е значително помал од првично објавените податоци, поради тоа што официјалните податоци се темелат на потврда од лабораториско испитување.
Соединетите Американски Држави пријавиле 226 лабораториски потврдени случаи на заразени, меѓу кои што е и единствениот смртен случај надвор од Мексико.
Лабораториските наоди потврдија случаи на заразени од грипот на вирусот H1N1 во уште 18 држави, без смртни случаи.
Најмногу случаи, 85, се потврдени во Канада, потоа следува Шпанија со 40 случаи, поради што е европска земја со најголем број заразени.
Во Велика Британија досега се потврдени 15 слуачи на заразени, а во Германија осум.
Следува Нов Зеланд со четири случаи, Израел со три, Ел Салвадор и Франција со по двајца заразени.
По еден случај досега се потвредени во Австрија, Кина со Хонг Конг, Костарика, Колумбија, Данска, Ирска, Италија, Холандија, Република Кореја и Швајцарија, соопшти СЗО./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.