Свет
Идентификуван генот на смртоносниот грип
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/185ecb47-cc68-4e72-81e5-5f3ea37d6e47-1.jpeg)
Канада го изврши првото генетско секвенционирање на вирусот на грипот А (Х1Н1), што би можело да помогне да се направи вакцина за ова болест
Канада го изврши првото генетско секвенционирање на вирусот на грипот А (Х1Н1), што би можело да помогне да се направи вакцина за ова болест.
Информацијата синоќа ја соопшти канадската министерка за здравство Леона Аглукак, пренесуваат западните агенции.
„Тоа е прв пат оваа постапка да биде извршена на вирусот на грипот Х1Н1, кој доаѓа од Мексико и Канада“, изјави Аглукак на конференција за новинари во Отава.
Епидемијата на грипот А зафати 23 држави ширум светот. За епицентар на епидемијата се смета Мексико, каде беше регистриран првиот случај на 13 април.
Во оваа латиноамериканска земја бројот на жртви од новиот грип се искачи на 42, според официјалните податоци што синоќа ги соопшти мексиканското Министерство за здравство./крај/б/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
По 491 ден заробеништво, Хамас ослободи тројца Израелци во замена за 183 палестински затвореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zaloznici.jpg)
Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 183 палестински затвореници ослободени од Израел утрово.
Тројцата заложници – Ели Шараби, Охад Бен Ами и Ор Леви – беа предадени на Црвениот крст.
Охад Бен Ами и Ели Шараби беа земени како заложници од Кибуц Беери за време на прекуграничниот напад на 7 октомври 2023 година, предводен од Хамас, а Ор Леви беше киднапиран од музичкиот фестивал Нова истиот ден.
Израелските медиуми пренесуваат голема загриженост за здравјето на тројцата ослободен заложници оти се вратиле испиени и со видно намалена телесна тежина.
И на ослободените палестински затвореници, кое беа пречекани со прослава во Рамала, на окупираниот Западен Брег, нивни претставници соопштија дека им е потребна медицинска помош.
Од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари досега се ослободени 21 заложник и 566 затвореници.
До крајот на првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае уште три недели, се очекува да бидат ослободени 33 заложници и 1.900 затвореници. Израел тврди дека осум од тие 33 лица се мртви.
Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/trkalo-Alkesandar-Vucic.jpg)
Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/santorini.jpg)
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.