Свет
Владата и плати на ,,Канадска пошта" пенали од 208.494 канадски долари
Откажувањето на влезот на ,,Канадска пошта” во нашето Јавно претпријатие “Македонска пошта” ја чини државата 208.494 канадски долари.
Колку ја чини државата што го одби влезот на Канаѓаните во ЈП †Македонска пошта”
ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА
Откажувањето на влезот на ,,Канадска пошта” во нашето Јавно претпријатие “Македонска пошта” ја чини државата 208.494 канадски долари. Толку пари им се исплатени на Канаѓаните кои беа заинтересирани да ја преземат нашата пошта. Државата и претставниците на ,,Канадска пошта” преговараа две години, за на крајот Владата да одлучи дека не ни се потребни Канаѓаните, кои се светски лидер во поштенското работење. ,,Канадска пошта” понуди инвестиција од 40 милиони евра, а од нашата Влада ја побара поштата без пари во наредните 20 години, со ветување дека “Македонска пошта” ќе биде регионален центар и профитабилна фирма. Но, откако Владата одлучи да не Ј дозволи влез на Канадска пошта, што во јавноста се прокоментира како голема грешка, на Канаѓаните во име на пенали им се исплатени 208.494 канадски долари.
До ова сознание дошол Државниот завод за ревизија при финансиската контрола на јавното поштенско претпријатие, кога открил дека “Македонска пошта” Ј исплатило на Канадска пошта голема сума пари, и тоа по писмен налог на Министерството за транспорт и врски, но без одобрение на Владата, кршејќи го Законот за јавни претпријатија и член 17 од Законот за поштенските услуги.
Средствата се уплатени на име компензација за хонорари и трошоци на ,,Канадска пошта”, согласно Протоколот во врска со Договорот за заеднички проект за обезбедување на поштенски и поштенско-банкарски услуги. Иако “Македонска пошта” подоцна ги побарала парите од Министерството за транспорт и врски, јавното претпријатие не ги добило на своја сметка средствата кои Ј ги исплатила на ,,Канадска пошта”, по налог на Министерството.
Во рамките на финансиската контрола, извршена од април до јули годинава, се констатирани низа пропусти од страна на раководството на “Македонска пошта” во текот на работењето во 2004 година. Според Државниот завод за ревизија, кој својот извештај за работата на “Македонска пошта” го има објавено на својата Интернет-страница, директорот на јавното претпријатие “Македонска пошта” и неговиот заменик примале плата во изминатата година врз основа на Одлука за определување на плата, донесена од Управниот одбор на 14 март 2000 година, а без соодветен писмен акт од Владата, како основач на претпријатието. Без согласност на Владата, на директорот и заменик-директорот во 2004 година им се исплатени плати во износ од 22.000 евра. Исплатата на плати за директорот и неговиот заменик врз основа на интерна одлука, а не врз основа на акт на Владата, е спротивно на член 2 од Законот за плати.
Директорот на “Македонска пошта”, Таип Јакупи, во изминатата година, како што стои во Извештајот, вршел и набавки без спроведување на јавен тендер. Така, без тендер, во 2004 година се потрошени над 300.000 евра за јавни набавки. Набавката на материјали или, пак, услуги во вредност над 3.000 евра, како што стои во Законот за јавни набавки предвидува распишување на тендер.
Директорот на ЈП “Македонска пошта”, Таип Јакупи, коментирајќи го Извештајот од Државниот завод за ревизија, вели дека не гледа ништо спорно во однос на платите, бидејќи одлуката ја донел Управниот одбор на претпријатието, формиран од Владата. Тој како прв човек на “Македонска пошта” е категоричен дека нема право да се меша во одлуката на Одборот, но секако тој како менаџер одговара пред ова тело за работењето на компанијата. Што се однесува до средствата исплатени на Канадска пошта по налог на Министерството за транспорт и врски, Јакупи потврдува дека министерството сў уште не им ги вратило парите во висина од 208.494 канадски долари. “Ние имаме побарување од Министерството за транспорт и врски, но не знаеме кога ќе ни бидат вратени парите”, вели директорот на “Македонска пошта”.
“Од Државниот завод за ревизија беа фасцинирани од нашето работење, имајќи ја предвид големината на нашето претпријатие. Има ситни грешки, но тие не се страшни”, додава директорот на “Македонска пошта”, Таип Јакупи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

