Свет
Свето загуби акции во Тиквеш
Светозар Јаневски и менаџерскиот тим М6, доминантни сопственици на винарската визба „Тиквеш“, загубија 22 отсто од акциите со право на глас во компанијата, откако комисијата за хартии од вредност објави дека овие акции преку блок-трансакции се купени незаконски.
Светозар Јаневски и менаџерскиот тим М6, доминантни сопственици на винарската визба „Тиквеш“, загубија 22 отсто од акциите со право на глас во компанијата, откако комисијата за хартии од вредност објави дека овие акции преку блок-трансакции се купени незаконски. Со ова капиталниот удел на Јаневски во визбата се намалува за 8 отсто, дознаваме од берзански извори.
Според решението од комисијата, кое е објавено во Службен весник од 17 октомври, брокерската куќа „Инвестброкер“ ги повредила правилата за работа со хартии од вредност кога реализирала три блок-трансакции издадени по налог на „Тиквеш“. Станува збор за блок-трансакции издадени во јули 2003 година. „Инвестброкер“, утврдила комисијата, го прекршила членот 54 од Законот за преземање на акционерски друштва. Според овој член, ниту една брокерска куќа не смее да прифати налог за никакви дејности со хартии од вредност ако знае дека поради извршување на барањето би се прекршил законот. Јаневски сега всушност губи дел од управувачкиот пакет, бидејќи според членот 55 пак од истиот закон, сите акции што се стекнати со работа спротивна на законот не носат право на глас, односно на управување на друштвото, а и го губат правото за дивиденда.
„Време“ веќе пишуваше дека М6 презел дел од акциите од „Тиквеш“ без да има јавна понуда за тоа, што е спротивно на Законот за преземање на акционерски друштва. Според нашите извори, скопска фирма во која доминантен сопственик е Светозар Јаневски во периодот од 4 до 24 јули 2003 година, купила повеќе од 60 отсто од акциите со право на глас во „Тиквеш“. И блок-трансакциите што сега се оспорени од комисијата се реализирани токму во тој период.
Јаневски и М6 сега всушност загубија и 8 отсто од уделот во компанијата. Според решението на КХВ, Македонската берза ќе мора јавно да ја опомене брокерската куќа „Инвестброкер“, а жалбата против решението нема да го одложи неговото извршување. За стекнати акции спротивно законот се предвидени санкции. Законски, купувачот на тие акции се кажува со парична казна од 250.000 до 300.000 денари. Весна Пендовска, претседателка на КХВ, во јули годинава тврдеше дека постапката за преземање на „Тиквеш“ е во согласност со законот за преземање на акционерски друштва.
М6 го презеде управувањето во “Тиквеш” во ноември 2003 година.
А. К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.