Свет
Русија купила оружје вредно 20,4 млрд. долари во изминатите две години
Русија во 2007 и 2008 година склучила договори за купување на оружје во вредност од 20,4 милијарди долари
– Русија во 2007 и 2008 година склучила договори за купување на оружје во вредност од 20,4 милијарди долари. Ова го објави најголемата руска компаниа за производство на оружје „Рособоронекспорт“, која ги потпишала договорите за продажба на оружјето со руските власти.Компанијата од 2006 до денеска нема објавено информации за продажбата на оружје. Претставник на „Рособоронекспорт“, појасни и дека зделките на компанијата во последно време се во подем, благодарение на извезеното оружје за САД, Велика Британија, Франција, Израел и Алжир. САД на пример во 2007 година, склучиле договори со „Рособоронекспорт“, за купување на оружје во вредност од 24,86 милијарди долари. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руската закана за Европа е многу поголема отколку што изгледа, изјави италијанскaта премиерка
Руската закана за Европа се протега надвор од одбраната и безбедноста, изјави вчера италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на меѓународната средба во Финска, додавајќи дека таа се однесува и на илегалната миграција и сајбер безбедноста.
„Се работи за нашата демократија, за влијанието на нашето јавно мислење, за она што се случува во Африка, за суровините, за инструментализацијата на миграцијата. Мораме да знаеме дека ова е многу широка закана“, рече Мелони.
Италијанската премиерка ја повика ЕУ да ја гледа миграцијата како дистрибутивен, но и безбедносен проблем.
„Безбедноста значи и критична инфраструктура, значи вештачка интелигенција, сајбер безбедност, суровини, синџири на снабдување. Тоа значи нова и поефикасна надворешна политика и политика за соработка, тоа значи миграција“, рече Мелони.
Мелони предупреди на пасивност и самозадоволство во ЕУ, додавајќи дека дури и по завршувањето на руската војна во Украина, безбедносните предизвици во Европа нема да исчезнат.
„Мораме да разбереме дека заканата е многу поширока отколку што мислиме“, рече Мелони.
Тензиите меѓу Европа и Москва се зголемија откако Русија почна сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година. ЕУ воведе 15 пакети санкции против Русија, а повеќето нејзини членки му дадоа воена поддршка на Киев.
Од друга страна, ЕУ сè повеќе ја обвинува Русија дека врши саботажни и хибридни напади низ целиот континент за да ја наруши одбранбената помош за Украина и да шири хаос и немири.
Свет
Руте го прекори Зеленски за неговата критика кон Шолц
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте го прекори украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите критики на германскиот канцелар Олаф Шолц, нарекувајќи ги „неоправдани“.
Зеленски го критикуваше Шолц за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Тој, исто така, постојано јавно изразува неразбирање за одбивањето на канцеларот да испорача крстосувачки ракети Таурус.
Генералниот секретар на НАТО нагласи дека германската поддршка за Украина е без преседан и е втора по САД по обем и затоа Киев „треба да му биде благодарен на Шолц“.
Истовремено, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан, го повика идниот американски претседател Доналд Трамп да продолжи со воената поддршка за Украина.
Според Саливан, за да се постигне фер договор меѓу Русија и Украина, потребни се „лостови на влијание“.
РЕ-Ново
Фонтаната Треви повторно отворена по реновирањето: Пристапот е ограничен на 400 посетители
Фонтаната „Ди Треви“ во Рим денеска повторно беше отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување во пресрет на јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години.
Работата за реновирање траеше три месеци и чинеше 327.000 евра, пренесе Анса.
На инаугурацијата на оваа знаменитост присуствуваа градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, како и советникот за туризам на градот Алесандро Онорато, советникот за култура Масимилијано Смериљо и надзорникот за наследство Клаудио Паризи Пресиче.
Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители во секое време за да се избегне голема гужва.
Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено воведување такса, изјави Гуалтиери.
За време на работите за одржувањето, беше поставена патека за туристите да можат да ја видат римската знаменитост додека се чистеше.
На посетителите им беше дозволено да ја фрлат својата паричка во „корпата“ во преминот, со што ја изразија својата желба да се вратат во Вечниот град.
Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.