Свет
Египетски бизнисмен осуден на смрт поради убиство на пејачка
Познат египетски бизнисмен и пратеник во горниот дом на египетскиот Парламент Хишам Талат Мустафа денеска е осуден на смрт поради убиство на либанска
Познат египетски бизнисмен и пратеник во горниот дом на египетскиот Парламент Хишам Талат Мустафа денеска е осуден на смрт поради убиство на либанската поп пејачка Сузана Тамим.
Мустафа, кој е близок пријател со најстариот син на египетскиот претседател Хосни Мубарак, е обвинет дека му платил на бившиот египетски полицаец Мохсена ел-Сукари два милиони долари да ја убие Тамим во Дубаи.
Властите наведуваат дека Мустафа и Тамим биле љубовници.
Сукари денеска исто е осуден на смрт, а по читањето на пресудата во судницата настанал хаос.Двете чќерки на Мустафа започнале да вриштат, а неговата сестра се онесвестила.
Овој случај предизвика запрепастување на Блискиот исток и го привлече вниманието на египетската јавност, бидејќи станува забор за човек од општествената елита, што најчесто е над законот. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Средба на Гаши со францускиот амбасадор, Ле Риголер
Претседателот на Собранието Африм Гаши денес оствари средба со Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Француската Република во нашата земја. На средбата присуствуваше и Жаклина Поп Ангелова, шеф на Кабинет на Амбасадорот.
Средбата примарно се реализираше за разгледување на можностите и модалитетите за идна соработка со француските институции, по неодамнешната работна посета на Делегација од Собранието предводена Претседателот Гаши на Париз.
Беше изразена посебна благодарност до Амбасадорот за подигнување на билатералната соработка на повисоки ниво со релевантните претставници на Француската Република, како и подготвеност од наша страна за одржување на овој воспоставен дијалог во периодот што следи, на теми од взаемен интерес. Гаши ги изнесе позитивните впечатоци од одржаните средби во Париз и подготвеноста на француските политичари за поддршка на нашиот процес на евроинтеграции.
Амбасадорот Риголер, нагласи дека иницијативата за посета на Париз и остварување личен контакт со француските колеги и државни претставници е од особено значење, со оглед дека истата помага за креирање на билатерална динамика на меѓусебна соработка.
Соговорниците беа согласни за потребата од конкретизирање на полињата за размена на мислења и искуства на сите парламентарни нивоа, вклучително и преку Групите за соработка и пријателство и за искористување на експертизата која ја нудат Националното собрание и Сенатот на Француската Република за парламентарно работење. На крај, но не помалку важно, беше констатирано дека се потребни заеднички напори за зголемување на бројот на француските инвестиции во земјата и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, кои во моментов не се на посакуваното ниво.
Свет
Украина доби 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд
Украина доби 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пари што ќе бидат насочени кон клучните буџетски трошоци, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Ова е шеста исплата на пари за Украина во рамките на програмата за продолжени кредити на ММФ, со што вкупната помош од ММФ за Украина достигна 9,8 милијарди долари.
Надворешното финансирање, како што се 15,6 милијарди долари што ММФ ѝ ги додели на Украина во период од четири години, е од клучно значење за Киев бидејќи буџетот на земјата е под зголемен притисок поради војната со Русија, пишува „Киев индипендент“.
Свет
Кинескиот суд го осуди на условна смртна казна мажот што влета со автомобил во пешаци
Кинескиот суд му изрече условна смртна казна на маж кој минатиот месец влета со својот автомобил во група пешаци, деца и родители во јужната провинција Хунан.
Хуанг Вен беше уапсен откога повреди 30-ина лица, меѓу кои и деца, се вели во соопштението на Средниот народен суд во Чангде.
Цензорите ги отстранија видеата од нападот од социјалните мрежи, а само кратки изјави од државните медиуми беа искористени за известување за случајот.
Нему му е изречена смртна казна со одлагање од две години, која вообичаено се заменува со доживотен затвор доколку осудениот не стори повеќе кривични дела во периодот.
Судот наведе дека обвинетиот на 19 ноември со својот автомобил влетал во толпа пешаци бидејќи претходно изгубил пари, па ја извадил својата фрустрација на минувачите.
Тој е уапсен на самото место кога се обидел и со оружје да нападне пешаци.