Контакт

Свет

Пад на стопанските активности во Русија за 10,5 отсто

Објавено пред

Стопанските активности во Русија во април се намалени за 10,5 отсто, додека Бруто домашниот производ во првите четири месеци е намален за 9,8 отсто

Стопанските активности во Русија во април се намалени за 10,5 отсто, додека Бруто домашниот производ во првите четири месеци е намален за 9,8 отсто.

Ова денеска го соопшти рускиот заменик министер за стопанство Андреј Клепач, додавајќи дека според владините проекции руското БДП во оваа година доживее пад од седум до осум отсто.

Песимистичките прогнози најмногу се темелат врз драматичниот пад на надворешно трговскиот суфицит на Русија, кој во април е преполовен во споредба со истиот месец лани, од 14,5 милијарди долари на 7,5 милијарди долари. /крај/х/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Филипинскиот претседател Дутерте се закани дека ќе го укине „Фејсбук“

Објавено пред

Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, отворено се изјасни дека размислува да го забрани „Фејсбук“ кога американската социјална мрежа одлучи да ги отстрани профилите, кои, како што тврди филипинскиот претседател, ги штитат државните интереси и се користат во борбата против бунтовниците.

„Фејсбук“ минатата недела објави дека отстранила група лажни профили затоа што нивните корисници се обиделе да го скријат нивниот вистински идентитет и да дејствуваат на координиран начин во мрежата со намера да измамат други корисници, објави АП.

Дутерте изјави дека засега не размислувал за конкретни потези во врска со ова прашање, но за време на вчерашното телевизиско појавување, меѓу другото, се изјасни за разговор со раководството на „Фејсбук“.

„Му порачувам на ‘Фејсбук’ дека бунтовниците сакаат да ја соборат владата. Која е целта на вашиот бизнис на Филипините ако не сте во можност да ни помогнете да спречиме уривање на владата? Ако не сте во можност да помогнете во заштитата на државните интереси, сè уште можеме да разговараме и да се обидеме да најдеме некое решение. Но, ако не го најдеме, ќе ми биде жал“, рече Дутерте.

Критичарите на филипинскиот претседател, без оглед на случајот со „Фејсбук“, го критикуваа Дутерте за користење мрежа на лажни профили на социјалните мрежи со цел да лажира поддршка од јавноста и да ги маргинализира неговите критичари и противници.

Прикажи повеќе...

Свет

Песков: Русија е подготвена да го разјасни случајот за Навални со ЕУ

Објавено пред

Русија е подготвена да го разјасни инцидентот за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални со Европската Унија, а исто така очекува дека Европа ќе ги достави своите податоци, рекол портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако дека сме подготвени“, истакнал Песков одговарајќи на прашањето дали Москва е подготвена да им даде објаснување на европските колеги за ситуацијата со Навални, пренесе ТАСС.

Тој додал дека Русија повеќепати објаснила што се случило со берлинскиот пациент на територијата на Русија, поточно во Омск и Томск.

Според него, Русија повеќепати апсолутно транспарентно разговарала за тоа и се објаснила.

„Исто така објаснивме и дека ни се потребни информациите што ги имаат Берлин и Париз и повеќепати објаснивме дека, за жал, ни Берлин ни Париз не брза да ги сподели овие информации со нас, што значајно ја компликува понатамошната разрешница на ситуацијата“, нагласил Песков.

Тој заклучил дека сè што знае Русија за инцидентот со Навални е јавно достапно.

Прикажи повеќе...

Свет

Баку се заканува дека ќе ги уништи ерменските ракетни системи „С-300“

Објавено пред

Вооружените сили на Азербејџан ќе ги уништат противвоздушните ракетни системи „С-300“ на ерменските вооружени сили, вели портпаролот на Министерството за одбрана, полковник Вагиф Даргахали.

„Според нашите разузнавачки податоци, противвоздушните ракетни системи ‘С-300’, кои го покриваат воздушниот простор на Ереван, се повлечени од борбената должност и се движат кон окупираните територии (Нагорно-Карабах). Објавуваме дека ги чека судбината на уништената воена опрема на ерменската армија во Нагорно-Карабах“, рече Даргахали.

Тој изјави дека последните битки уште еднаш покажуваат дека митот за непобедливоста на ерменската војска е неоснован, пренесува „Спутник“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет2 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија3 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија4 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија4 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија4 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија5 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет5 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија6 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ7 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија7 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет8 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет8 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија8 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет8 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа9 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт18 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион20 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет21 час

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет22 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Досие