Свет
Финале на ЛШ: Манчестер јунајтед – Барселона
Завесата на најпрестижното европско клупско натпреварување – Лигата на шампиони (ЛШ), ќе биде спуштена вечерва во Рим, со финалниот дуел меѓу
Завесата на најпрестижното европско клупско натпреварување – Лигата на шампиони (ЛШ), ќе биде спуштена вечерва во Рим, со финалниот дуел меѓу Манчестер јунајтед и Барселона.
Манчестер јунајтед ќе се обиде да ја одбрани титулата европски првак со најсилниот тим, предводен од Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Карлос Тавес во нападот.
И Барселона, која оваа сезона игра во одлична форма, ќе настапи со најсилниот напад, во кој за финалната пресметка се враќаат Тиери Анри и Андрес Иниеста.
Властите во „вечниот град“ соопштија дека се е подготвено за големото финале, особено на планот на безбедноста.
Причина за стравувањата од можни пресметки меѓу навивачките групи се настаните од 2007 година, кога при гостувањето на Манчестер јунајтед во Рим беа повредени 13 навивачи.
Со цел да бидат избегнати и најмали инциденти, финалето ќе го обезбедуваат дури 20,000 полицајци, а од вторникот во Рим е воведена и забрана за продажба на алкохол.
Барселона и Манчестер јунајтед за финалниот дуел добија по 20,000 влезници, но во Рим се очекува да пристигнат најмалку двојно повеќе од Шпанија и Англија.
Се очекува секој навивач, кој ќе пристигне во Рим, во просек да потроши 705 евра.
За финалниот натпревар на стадионот „Олимпико“ со капацитет од 72,389 места, во продажба беа пуштени вкупно 67,000 влезници по цена од 70 до 200 евра./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

