Свет
Над 200 загинати во циклон во Бангладеш и Индија
Најмалку 203 лица загинаа во силниот тропски циклон „Аила“ што в понеделникот ги погоди Бангладеш и источните делови на Индија
Најмалку 203 лица загинаа во силниот тропски циклон „Аила“ што в понеделникот ги погоди Бангладеш и источните делови на Индија. Најмалку 121 лице загинале, а над 800, се повредени во Бангладеш. Во индиската држава Западен Бенгал во циклонот животите ги загубија најмалку 82 лица. Силниот ветер што на места достигна и брзина од 120 километри на час искорнал десеттици дрвја и ги однесе покривите на илјадници живеалишта. Обилните дождови што го проследија циклонот предизвикаа поплави и активираа лизгање на земјиштето./крај/фо/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес на Сицилија
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала ја погоди Сицилија, јавува „ЕМСЦ“.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар северо-северозападно од Месина, на длабочина од 217 километри.
Земјотресот ја погоди областа во 12 часот и 19 минути, а засега нема информации за евентуална штета.
Свет
Средба на Гаши со францускиот амбасадор, Ле Риголер
Претседателот на Собранието Африм Гаши денес оствари средба со Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Француската Република во нашата земја. На средбата присуствуваше и Жаклина Поп Ангелова, шеф на Кабинет на Амбасадорот.
Средбата примарно се реализираше за разгледување на можностите и модалитетите за идна соработка со француските институции, по неодамнешната работна посета на Делегација од Собранието предводена Претседателот Гаши на Париз.
Беше изразена посебна благодарност до Амбасадорот за подигнување на билатералната соработка на повисоки ниво со релевантните претставници на Француската Република, како и подготвеност од наша страна за одржување на овој воспоставен дијалог во периодот што следи, на теми од взаемен интерес. Гаши ги изнесе позитивните впечатоци од одржаните средби во Париз и подготвеноста на француските политичари за поддршка на нашиот процес на евроинтеграции.
Амбасадорот Риголер, нагласи дека иницијативата за посета на Париз и остварување личен контакт со француските колеги и државни претставници е од особено значење, со оглед дека истата помага за креирање на билатерална динамика на меѓусебна соработка.
Соговорниците беа согласни за потребата од конкретизирање на полињата за размена на мислења и искуства на сите парламентарни нивоа, вклучително и преку Групите за соработка и пријателство и за искористување на експертизата која ја нудат Националното собрание и Сенатот на Француската Република за парламентарно работење. На крај, но не помалку важно, беше констатирано дека се потребни заеднички напори за зголемување на бројот на француските инвестиции во земјата и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, кои во моментов не се на посакуваното ниво.
Свет
Украина доби 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд
Украина доби 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пари што ќе бидат насочени кон клучните буџетски трошоци, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Ова е шеста исплата на пари за Украина во рамките на програмата за продолжени кредити на ММФ, со што вкупната помош од ММФ за Украина достигна 9,8 милијарди долари.
Надворешното финансирање, како што се 15,6 милијарди долари што ММФ ѝ ги додели на Украина во период од четири години, е од клучно значење за Киев бидејќи буџетот на земјата е под зголемен притисок поради војната со Русија, пишува „Киев индипендент“.