Контакт

Свет

САД ќе се соочат со хиперинфлација како Зимбабве

Објавено пред

Американската економија може да се соочи со хиперинфлација, забрзано темпо блиско до нивото на инфлацијата во Зимбабве, смета познатиот инвеститор

dobivaj vesti na viber

Американската економија може да се соочи со хиперинфлација, забрзано темпо блиско до нивото на инфлацијата во Зимбабве, смета познатиот инвеститор и аналитичар Марк Фабер.

Според него, тоа може да се случи бидејќи Федералните резерви нема да брзаaт со покачувањето на каматите.

„Јас сум 100% сигурен дека САД ќе бидат зафатени од хиперинфлација“, вели Фабер.

Тој додава дека цените во САД можат да растат со речиси истата брзина, како и во Зимбабве, каде темпото на инфлација достигна 231 милиони проценти во јули минатата година, од кога Владата во оваа земја не соопштува нови податоци.

Директорот на Федералната резервна банка на Филаделфија Чарлс Плосер минатата недела изјави дека инфлацијата во САД може да достигне 2,5% годишно во 2011. година. Претходно претставници на Федералните резерви прогнозираа раст на цените меѓу 1,7 до 2% во 2011. година.

Action Economics прогнозира намалување на цените во САД за 0,4% во 2009. година, инфлација на ниво од 1,8% следната година и 2% во 2011. година. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Германија најавува промени: ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра

Објавено пред

Германија постепено ќе ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра од сегашните 12,82 евра до 2027 година, според предлозите на владината комисија, кои беа објавени денес.

dobivaj vesti na viber

Планирано е минималната плата по час да се зголеми на 13,90 евра на почетокот на 2026 година, а од минатата година, Германија има највисока минимална плата во Европската унија, по Луксембург, кој пропишува месечен минимум од 2.638 евра.

Три други земји од ЕУ имаат национална минимална плата над 2.000 евра месечно – Белгија, Холандија и Ирска, објавува Ројтерс.

Овој предлог на комисијата, која ја сочинуваат работодавачи и претставници на синдикатите, мора да го спроведе германското Министерство за труд.

Прикажи повеќе...

Свет

Рама: Велика Британија e во многу темна состојба по Брегзит

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикуваше британската политика за азил, тврдејќи дека земјата е „во многу темна состојба“ по Брегзит.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Гардијан, Рама ја обвини Велика Британија дека бара „места за испраќање имигранти“ инсистирајќи на формирање центри во трети земји, во кои би ги испраќале одбиените баратели на азил кои ги исцрпиле сите законски опции, објавува „Политико“.

Британскиот премиер Кир Стармер потврди минатиот месец дека Велика Британија преговара со други земји за овој план, но не кажа во кои земји. Стармер го објави ова за време на неговата прва официјална посета на Албанија.

Рама потоа рече дека Албанија сигурно нема да биде дел од тој план, бидејќи е „лојална на договорената соработка со Италија“.

„Фактот дека ова не само што е замисливо денес, туку веќе се случува, не е поради тоа што Стармер или Риши Сунак прават нешто скандалозно, туку затоа што Велика Британија е во многу темна состојба“, изјави Рама за Гардијан.

Албанскиот премиер изјави дека предлозите на Стармер се дел од „работите што се кажуваат, пишуваат или се прифаќаат како нормален дел од дискурсот во денешна Британија“ и посочи дека пред Брегзит тоа „би било целосно неприфатливо, смешно и срамно“.

Медиумот анализира дека за време на претходната конзервативна влада на Велика Британија, Лондон и Тирана потпишаа заедничка изјава и формираа работна група за борба против нелегалната миграција, што доведе до враќање на повеќе од 1.000 албански државјани од Велика Британија.

И покрај ова, односите меѓу двете земји честопати беа затегнати поради реториката на политичарите во Лондон за тоа како албанските баратели на азил ја „напаѓаат“ Велика Британија.

На крајот од интервјуто, Рама рече дека Стармер е „многу пристојна и прекрасна личност“ и јасно стави до знаење дека британскиот премиер јавно не побарал Албанија да се приклучи на неговата програма.

Прикажи повеќе...

Регион

Зелено светло за Бугарија – од 1 јануари 2026 година може да го воведе еврото

Објавено пред

Во четвртокот, Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Лидерите, собрани на самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската комисија да ѝ се дозволи на Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната и да го замени левот со евро, откако веќе планираше да го стори тоа во 2024 година, но беше одбиена.

Оваа балканска земја е членка на ЕУ од 2007 година и е првата земја што може да го воведе еврото по Хрватска во 2023 година.

Европскиот парламент и Европската централна банка (ЕЦБ) сè уште треба да бидат консултирани за потребните законски измени пред Бугарите да можат да плаќаат во евра, но тие чекори се сметаат за формалност.

Бугарија, според написите во медиумите од регионот како една од најсиромашните земји на ЕУ, останува на дното на листата од 27 членки во однос на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, иако стапките на раст се повисоки од другите земји.

Покрај релативно ниските и стабилни стапки на инфлација, критериумите за пристапување вклучуваат стабилност на цените, здрави јавни финансии и стабилни девизни курсеви.

Комисијата неодамна изјави дека очекува стапка на инфлација од 3,6 проценти за Бугарија оваа година и 1,8 проценти во 2026 година, што доведе до позитивен рејтинг за Софија.

Во Бугарија, воведувањето на еврото беше проследено со жестоки протести. Во февруари, националистите запалија оган пред влезот на претставништвото на ЕУ во Софија и истурија црвена боја на стаклената фасада на зградата. Тие фрлаа молотови коктели и јајца.

Минатиот месец, поддржувачите на проруските и националистичките партии демонстрираа во главниот град Софија и во други градови, барајќи левот да се задржи поради стравувањата дека еврото ќе поттикне зголемување на цените.

Противниците на еврото собраа 604.000 потписи во корист на референдум за воведување на заедничката валута, но бугарскиот парламент го отфрли референдумот двапати – во 2023 година и во мај 2025 година.

Според анкетата спроведена од бугарскиот институт Мјара кон средината на мај, повеќе од половина од сите возрасни (54,9%) се противат на воведувањето на заедничка валута во 2026 година, додека стабилна третина (34,4%) се за приклучување кон еврозоната следната година, анализираат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ризик од појавa на пожари поради високите температури: МЗШВ апелира на претпазливост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на...

Економија2 часа

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита...

Македонија2 часа

Се очекува Македонија годинава да ја посетат 1,5 милиони туристи, најбројни се гостите од Турција

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од...

Македонија3 часа

Казни и до 2.000 евра: МВР со потсетување на целосната забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Свет3 часа

Мерц: Германија мора да ја води Европа напред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и...

Македонија4 часа

Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при...

Свет4 часа

Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа...

Свет4 часа

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може...

Свет5 часа

Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел...

Свет5 часа

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до...

Свет5 часа

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија15 часа

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија19 часа

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија22 часа

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија23 часа

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет1 ден

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија1 ден

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија1 ден

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...