Свет
Русија планира да ги купи првите обврзници на ММФ
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека Русија планира да ги купи неговите први обврзници, чија вредност треба да достигне 10 млрд. долари
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека Русија планира да ги купи неговите први обврзници, чија вредност треба да достигне 10 милијарди долари.
Извршниот директор на ММФ Доминик Штрос-Кан го поздрави рускиот план за инвестирање во финансиската институција, соочена со потешкотии во пружањето финанскискa помош на државите, кои се притиснати од глобалната криза.
„Рускиот премиер Владимир Путин ми упати писмо во кое ме извести за намерите на Русија да инвестира во ММФ“, изјави Штрос-Кан.
Покрај Русија интерес за првите обврзници на ММФ пројавиле и останатите земји во развој- Кина, Индија и Бразил. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Финска го повика рускиот амбасадор на разговор: нарушен воздушниот простор
Финското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало рускиот амбасадор во Хелсинки за да побара објаснување во врска со сомневањата за нарушување на финскиот воздушен простор што се случи на 7 февруари.
Наводниот прекршок се случил над Финскиот залив, западно од градот Ханко, околу 17:15 часот, објави Министерството на платформата Икс.
„Рускиот авион е осомничен дека неколку минути летал во финскиот воздушен простор“, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана претходно објави дека рускиот државен авион е осомничен за нарушување на финскиот воздушен простор во Финскиот залив, соопшти финскиот јавен сервис Yle.
Сомненијата се дека рускиот авион неколку минути бил во финскиот воздушен простор.
Министерот за одбрана Анти Хаканен изјави дека „сомнителните територијални прекршувања се сфаќаат сериозно“. Граничната патрола го истражува инцидентот.
Регион
(Видео) При обид да го ограби: фрижидер со пиво уби маж во Србија
Г.Т. на возраст од шеесет години загинал при обид да ограби локална продавница во Србија, кога врз него паднал фрижидерот од кој земал пиво.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Трстеник го уапсија С. П. (49) од ова место, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела изложување на опасност и тешка кражба во обид.
„Тој е осомничен дека не му помогнал на Г.Т.(60) кој бил удрен од фрижидерот пред локална продавница кој, како што се сомневаат, заедно се обиделе да го ограбат. Од здобиените повреди Г.Т. починал, пишува во соопштението на полициската управа во Крушевац, пренесуваат медиумите.
На С. П. од страна на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Видеото од несреќата набрзо беше објавено на социјалните мрежи.
Свет
Нетанјаху: Средбата со Трамп беше најпријателската, најзначајната средба досега
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон била најпријателската, најзначајната средба досега меѓу израелски премиер и американски претседател.
Нетанјаху рече дека Израел никогаш не бил посилен и дека неговата средба со Трамп била најтоплата од сето она што го имал за време на неговото децениско политичко лидерство.
Тој истакна дека Израел и САД имаат иста цел да ја уништат палестинската милитантна група Хамас и да ги ослободат сите заложници.
Нетанјаху оцени дека предлогот на Трамп за иднината на Појасот Газа претставува „нова и креативна визија“, нагласувајќи дека Трамп е решен да го спроведе, објави „Тајмс оф Израел“.
Неколку израелски опозициски пратеници беа исфрлени од салата откако го прекинаа обраќањето на Нетанјаху во Кнесетот по неговата посета на Вашингтон за време на која се сретна со Трамп.
Опозицијата свиркала и го прекинала говорот на Нетанјаху, пишува „Тајмс оф Израел“.