Свет
Куба го осуди Мајкрософт за укинување на месинџер
Одлуката на компјутерскиот гигант Мајкрософт да го блокира користењето на својот сервис за пораки месинџер (Messenger) за корисниците во Куба, наиде
Одлуката на компјутерскиот гигант Мајкрософт да го блокира користењето на својот сервис за пораки месинџер (Messenger) за корисниците во Куба, наиде на остри реакции во таа земја.
„Ова е уште еден пример на безобѕирниот однос на Вашингтон кон Хавана“, пишува во уводникот кубанскиот весник Хувентуд Ребелде.
Мајкрософт минатата недела најави укинување на користењето на својот месинџер во Куба, Сирија, Иран, Судан и Северна Кореја во согласност со американската забрана за трансфер на лиценциран софтвер во земјите на кои САД им има воведено ембарго.
Од друга страна во Куба непречено функционира интернет сервисот за комуникација Скајп (Skype).
И покрај рестрикциите на американскиот софтвер, кубанската влада го користи оперативниот систем Виндоус и други програми на Мајкрософт, но во тек е префрлување на опен сорс програми./крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија
Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот кат од зградата каде што беа сместени жителите со попреченост во домот, објавува Кликс.ба.
Жителите со попреченост не можеа да избегаат
Според неофицијални информации, смртта на жртвите најверојатно се случила поради задушување. Големиот пожар се проширил на седмиот кат од зградата на домот за стари лица, каде што се наоѓале станови со лица со попреченост.
Петмина хоспитализирани, двајца во критична состојба
Според официјалните податоци од Универзитетскиот клинички центар во Тузла, пет лица се хоспитализирани по пожарот, а две од нив се на одделението за интензивна нега.
Кантоналната полиција извести дека пожарот е ставен под контрола во 22 часот. Точната причина за пожарот ќе се утврди со истрага.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица
Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет лица беа примени во болница во Тузла во текот на вечерта.
Пожарот се проширил на седмиот кат од зградата каде што биле сместени лицата со попреченост во Домот за стари лица, пренесува Кликс.
Според неофицијални информации, жртвите најверојатно починале од задушување.
Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот. Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот. Тој беше локализиран околу 22 часот, потврди Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.
Лекарите ги лекуваат повредените. Меѓу примените во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, повеќето се оние кои биле отруени со јаглерод моноксид.
Амбулантни возила постојано пристигнуваа во болницата.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Пожарот избувнал на еден од катовите што се наоѓа на горниот дел од зградата, што го отежнало гаснењето на пожарот.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до зградата, да дозволат премин и работа на екипите за итни случаи и да ги следат упатствата на полициските службеници на терен.
Пожарникарите од Јавната противпожарна служба на Тузла се на местото на настанот, а повикани се и екипи од Сребреник, Живинице, Лукавац и Калесија. Испратени се и служби за итни случаи од неколку општини во кантонот Тузла.
фото: принтскрин
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.

