Свет
Израел вознемирен од најавите на Обама за помирување со исламскиот свет

Израел се надева дека најавите на американскиот претседател Барак обама за помирување со муслиманскиот свет, нема да бидат направени на
Израел се надева дека најавите на американскиот претседател Барак обама за помирување со муслиманскиот свет, нема да бидат направени на сметка на еврејската држава.
Ова денеска го изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пред утрешната посета на Обама на Каиро, каде треба да се реализираат најавите за помирување со муслиманскиот свет.
„Американскиот претседател Барак Обама има право да се помири со муслиманскиот свет и да им конкурира на Ал Каеда и Иран за да им го придобие срцето, но ние од наша страна треба да се увериме дека тоа нема да ги засегне нашите заеднички интереси“, изјави израелскиот министер за транспорт Израел Кац.
Тој појасни дека „Обама е пријателски настроен кон израел, но има различен приод од оној на поранешниот претседател Џорџ Буш.
Обама претходно побара замрзнување на израелската колонизација на Западниот брег, што предизвика напнатост во односите меѓу двете земји. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот министер за одбрана: Наредив силни напади врз Техеран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац штотуку објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) силно да одговорат на она што го нарече кршење на договореното примирје од страна на Иран, пренесуваат медиумите во регионот.
„Наредив на ИДФ силно да одговори на кршењето на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Иран, од друга страна, сè уште не потврдил дека извршил нови напади.
Иранскиот министер за надворешни работи претходно изјави дека неговите напади ќе престанат само ако Израел го стори истото.
Свет
Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.
„Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето“, велат од владата.
Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи клучните цели на операцијата против Иран биле постигнати.
Израелските власти наведуваат дека ја отстраниле двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран – поврзана со нуклеарно оружје и балистички ракети.
Израел, исто така, тврди дека му нанел тешки загуби на иранското воено раководство и дека десетици клучни цели на иранската влада биле уништени во нападите.
Според изјавата на последниот ден од операцијата, израелските сили погодиле владини цели во центарот на Техеран, елиминирале стотици членови на Баши – милиција што ја користеле иранските власти за задушување на протестите – и неутрализирале уште еден висок ирански нуклеарен научник.
„Државата Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка во одбраната и учеството во елиминацијата на иранската нуклеарна закана“, се додава.
Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, а истото беше соопштено и на иранската државна телевизија. Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран тогаш негираше и истрела нови проектили, пришто загинаа четири лица.
Свет
Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност му било наметнато на Израел по, како што велат, успешниот воен одговор на Иран на американската агресија.
Како што потсетуваат, Иран вчера изврши напад врз американската воена база во Катар, како одговор на американските воздушни напади завчера врз иранските нуклеарни постројки.
Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува и дека Трамп побарал примирје „на начин што наликува на молење“, обидувајќи се на тој начин да оформи наратив за домашната јавност во која Иран ги совладал своите противници во воена и дипломатска смисла.
Трамп, сепак, на својата социјална мрежа Truth Social претстави сосема поинаква верзија на настаните. Тој тврди дека Израел и Иран му се обратиле речиси истовремено и му порачале: „мир“.
„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.