Свет
Во Ирска избори за европскиот парламент
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/a898e57b-ef0a-41c1-aef6-7a80e4629c17.jpeg)
Во Ирска денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент, кој се оценуваат како особено важни пред вториот ирски референдум за Лисабонскиот
Во Ирска денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент, кој се оценуваат како особено важни пред вториот ирски референдум за Лисабонскиот договор.
Ирците, кои минатата година на референдум го отфрлија Договорот од Лисабон, избираат 12 пратеници во европарламентот.
Изборите за Европскиот парламент почнаа вчера во Британија и Холандија, а во сите 27 членки ќе бидат завршени на 7 јуни.
Последните анкети говорат за слаб интерес за изборите
Повеќе од две третини од Европјаните, околу 64 отсто, не се заинтересирани за изборите во Европарламентот закажани за недела, покажуваат резултатите од анкетите објавени денеска во Франција.
Најмалку 76 отсто од Французите и 67 отсто од германските испитаници изјавиле дека воопшти не се заинтересирани за неделните избори./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Финска го повика рускиот амбасадор на разговор: нарушен воздушниот простор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-10-205236.jpg)
Финското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало рускиот амбасадор во Хелсинки за да побара објаснување во врска со сомневањата за нарушување на финскиот воздушен простор што се случи на 7 февруари.
Наводниот прекршок се случил над Финскиот залив, западно од градот Ханко, околу 17:15 часот, објави Министерството на платформата Икс.
„Рускиот авион е осомничен дека неколку минути летал во финскиот воздушен простор“, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана претходно објави дека рускиот државен авион е осомничен за нарушување на финскиот воздушен простор во Финскиот залив, соопшти финскиот јавен сервис Yle.
Сомненијата се дека рускиот авион неколку минути бил во финскиот воздушен простор.
Министерот за одбрана Анти Хаканен изјави дека „сомнителните територијални прекршувања се сфаќаат сериозно“. Граничната патрола го истражува инцидентот.
Регион
(Видео) При обид да го ограби: фрижидер со пиво уби маж во Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_pivo-frizider-ubio-muskarca-trstenik.jpg)
Г.Т. на возраст од шеесет години загинал при обид да ограби локална продавница во Србија, кога врз него паднал фрижидерот од кој земал пиво.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Трстеник го уапсија С. П. (49) од ова место, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела изложување на опасност и тешка кражба во обид.
„Тој е осомничен дека не му помогнал на Г.Т.(60) кој бил удрен од фрижидерот пред локална продавница кој, како што се сомневаат, заедно се обиделе да го ограбат. Од здобиените повреди Г.Т. починал, пишува во соопштението на полициската управа во Крушевац, пренесуваат медиумите.
На С. П. од страна на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Видеото од несреќата набрзо беше објавено на социјалните мрежи.
Свет
Нетанјаху: Средбата со Трамп беше најпријателската, најзначајната средба досега
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Netanjahu-tramp4.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон била најпријателската, најзначајната средба досега меѓу израелски премиер и американски претседател.
Нетанјаху рече дека Израел никогаш не бил посилен и дека неговата средба со Трамп била најтоплата од сето она што го имал за време на неговото децениско политичко лидерство.
Тој истакна дека Израел и САД имаат иста цел да ја уништат палестинската милитантна група Хамас и да ги ослободат сите заложници.
Нетанјаху оцени дека предлогот на Трамп за иднината на Појасот Газа претставува „нова и креативна визија“, нагласувајќи дека Трамп е решен да го спроведе, објави „Тајмс оф Израел“.
Неколку израелски опозициски пратеници беа исфрлени од салата откако го прекинаа обраќањето на Нетанјаху во Кнесетот по неговата посета на Вашингтон за време на која се сретна со Трамп.
Опозицијата свиркала и го прекинала говорот на Нетанјаху, пишува „Тајмс оф Израел“.