Контакт

Свет

Абас: Нема преговори ако Израел не прифати палестинска држава

Објавено пред

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно ја исклучи можноста за продолжување на преговорите ако Израел не прифати решение кое

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно ја исклучи можноста за продолжување на преговорите ако Израел не прифати решение кое што се темели на создавање палестинска држава.

„За што ќе преговараме ако Израел не сака да прифати решение кое што се темели на две држави?“, праша Абас давајќи изјава за новинарите во Рамала.

Абас истовремено го повика Израел да ги „почитува своите обврски предвидени во првата фаза „мировни насоки“, односно прекин на ширењето на еврејските населби.

„Мировните насоки“, меѓународен мировен план го објави Меѓународниот квартет за Блискиот исток (САД, Европска унија, Русија и ОН) во летото 2003 година, а предвидува создавање палестинска држава покрај Израел. Планот, главно остана само на хартија.

Абас посочи дека Палестинската самоуправа ги исполнила своите обврски од тие насоки. „Од нас се бараше повторно да воспоставиме ред и стабилност, што е сега направено“, рече Абас.

Сегашната израелска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху не сака да го прифати решението за конфликтот што вклучува создавање палестинска држава./крај/хи/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Глечерите на Нов Зеланд се обоија во црвено поради пожарите во Австралија

Објавено пред

Една од највпечатливите последици од големиот број пожари што сè уште дивеат низ Австралија е тоа што некои од познатите глечери на Нов Зеланд добија црвеникаво-розова боја.

Фотографката и блогерка Лиз Карлсон леташе со хеликоптер над националниот парк „Маунт Аспиринг“ кој се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

„Кога дојдовме близу до глечерот Кисер, сфатив колку е црвен. Тоа ме шокираше. Никогаш не сум видела нешто слично”, изјави Карлсон за „Си-ен-ен“.

Австралија доживува една од најлошите сезони на големи пожари во последните месеци. Денес се регистрирани 117 пожари, а 60 сè уште не се ставени под контрола или угасени.

„Западните ветрови го однесоа чадот од пожарите во Австралија во Нов Зеланд. Потешките честички на чад се спуштија на земја и, во овој случај, го обоија снегот во Нов Зеланд“, објасни метеорологот Моника Гарет.

„Ова се страшни пожари кои дефинитивно се влошени поради климатските промени“, рече Карлсон.

„Тоа не е добро за нашите глечери. Тие веќе се топат премногу брзо. Поради оваа црвеникава обвивка, тие помалку ќе ја одразуваат светлината и ќе се топат побрзо. Тоа навистина ме загрижува“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер ја потресе Грција. Очевидци велат дека сè се тресело околу 2 минути.

Според податоците од центарот за објавување и предупредување од земјотреси, потресот бил на длабочина од два километри во 317 километри од Атина.

Првите изјави на очевидци се дека сè се тресело две минути.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Во полициска потера по крадци на Флорида загинаа четири лица

Објавено пред

Четири лица беа убиени вчера на Флорида за време на полициска потера по разбојници на автопат. Крадците бегале со комбе за поштенска испорака, кое го украле заедно со возачот. Возачот го убиле пред полицијата да ги застрела нив.

Сè почнало во округ на Мајами во 4 часот попладе, кога две лица се обиделе да ограбат златарница во област со многу луксузни продавници и ресторани. Сопственикот на продавницата за накит го активирал тивкиот аларм што стигнал до полицијата, но влегол и во престрелка со разбојниците.

Потерата се емитуваше во живо на телевизија во неколку сојузни држави. Полицијата ги бркала крадците повеќе од 30 километри, јави Ен-би-си.

„Осомничените во грабежот при престрелката во продавницата за накит застрелале една од вработените. Таа е болница“, изјави за медиумите началникот на локалната полиција, Ед Худак.

Двајцата крадци биле убиени на 32 километра од местото на грабежот, така што откако украденото комбе застанало, 19 полицајци кон него истрелале околу 200 куршуми.

Покрај двајцата крадци и возачот на комбето, кого го убиле, при полициската потера загинал и еден возач на автомобил во близина.

Разбојниците го убиле возачот на комбето за испорака за време на потерата и го исфрлиле од комбето.

„Ние сме неизмерно тажни за нашиот колега кој беше жртва на ова бесмислено насилство“, соопшти УПС, компанија за испорака чие комбе било киднапирано.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Македонија49 минути

(Видео) Орце Камчев без неговата сопруга дојде да сведочи во судот за „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев пристигна во судот, како сведок за случајот „Рекет”. Денеска требаше да сведочи и неговата сопруга Ана, која...

Свет2 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет2 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет2 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет3 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија3 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет3 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија3 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа14 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет18 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија20 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија20 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија21 час

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 ден

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Досие