Свет
Печат: Што остана од европската левица?

Лондонските весници “Тајм“ и “Дејли Телеграф“, денеска под аналитичка лупа го ставаат исходот за Европскиот парламент (ЕП)
Лондонските весници “Тајм“ и “Дејли Телеграф“, денеска под аналитичка лупа го ставаат исходот за Европскиот парламент (ЕП), и го бараат одговорот на прашањето – што остана од левицата?
Според “Тајмс“, објаснувањето зошто социјалдемократските партии изгубија, а десницата и крајната десница е во продор, “лежи“ во лошото водство на социјалдемократските партии ширум Стариот континент.
Франција, чии социјалдемократски лидери дури и не зборуваат, ја “испушти“ предноста што инаку би ја имала над контроверзниот Никола Саркози.
Левицата во Германија им дозволи на партиите од десниот центар да бидат поефикасни критичари на капитализмот од неа.
“Тајмс“ пишува и дека “не треба да се трошат ниту зборови“ на премиерот Гордон Брaун во Велика Британија.
Неуспехот на слободоумната, хумана и демократска левица во Европа, сепак, “во одреден аспект“ е безопасна, бидејќи ја воздигна слободоумната, хумана и демократска десница, објави лондонскиот печат. Но, со една далеку поопасна последица.
Подемот на европската крајна десница не е нешто што некој би го оставила рамнодушен читајќи ги историските учебници, оценува “Тајмс“.
Според ДТ, “помрачувањето“ на европската левица е предизвикано, пред сè, со фактот дека десницата присвои некои аспекти од општо познатата левичарска политика, вклучително и потребата за построга финансиска и економска регулатива.
Но, најголем неуспех на водечките европски партии, за кои според ДТ левицата ја платила најголемата цена, е дека со игнорирање на желбите на бројните европски бирачи го охрабрија порастот на ксенофобични и расистички партии за чиј подем, како што е уверен весникот, многумина ќе зажалат./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху: Не ја исклучувам можноста за нови напади врз раководството на Хамас, каде и да се

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека не ги исклучува понатамошните напади врз лидерите на Хамас „каде и да се“, додека арапските и исламските шефови на држави одржуваат самит за да покажат поддршка за Катар по нападот од минатата недела врз земјата од Персискиот Залив.
Обраќајќи се на самитот, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани рече дека израелскиот напад бил „кукавички и предавнички“, тврдејќи дека во времето на нападот, лидерите на Хамас го проучувале предлогот за прекин на огнот на САД што им го презентирале Катар и Египет.
Хамас објави дека петмина негови членови се убиени во израелскиот напад, но не и раководството. Еден член на катарските безбедносни сили, исто така, бил убиен.
Зборувајќи заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио во Ерусалим, Нетанјаху рече дека Израел сè уште не добил конечен извештај за резултатите од нападот.
Рубио ќе отпатува во Катар по неговата посета на Израел, изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент, пренесуваат светските медиуми.
Рубио го повика Катар да продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на конфликтот во Газа, велејќи дека тоа би можело да помогне во постигнувањето на целта за ослободување на сите 48 заложници што сè уште се држат во Газа, разоружување на Хамас и градење подобра иднина за жителите на Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека не е задоволен од нападот и вчера изјави дека Израел треба да биде внимателен.
Фото: принтскрин
Свет
Иран: Непријателите треба да знаат, нашата нуклеарна програма има длабоки корени, не може да биде уништена со воени напади

Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, на годишната генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена изјави дека нуклеарната програма на Иран нема да биде уништена со воена акција. Во исто време, тој ги обвини Израел и Соединетите Американски Држави за нелегални напади врз неговите објекти, пишува Иран Интернешнл.
„Непријателите на Иран треба да знаат дека нашата нуклеарна програма има длабоки корени и не може да биде уништена со воена акција“, рече Еслами во обраќањето пред 69-та Генерална конференција. Тој додаде дека Иран нема да попушти пред политичкиот или воениот притисок и нема да се откаже од своите права.
Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран рече дека соработката на Техеран со МААЕ е „широка и конзистентна“, но ја обвини агенцијата дека не ги осуди она што тој го нарече акти на агресија против нуклеарните објекти на Иран.
„И покрај нашите официјални барања, агенцијата не ги осуди нападите на САД и Израел врз нуклеарните објекти на Исламската Република“, рече тој. „Ова молчење и неактивност ќе останат дамка во историјата на агенцијата“.
Еслами, исто така, ги критикуваше европските напори за активирање на механизам за „враќање“ за повторно воведување на санкциите на Обединетите нации врз Иран, нарекувајќи ги нелегални.
Тој рече дека нуклеарниот договор од 2015 година, официјално познат како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), покажал дека дипломатијата може да успее, но тврдеше дека бил поткопан од западните земји. „Денес, на годишнината од JCPOA, гледаме нелегални обиди за активирање на механизмот за враќање“, рече тој. „Овие напори се исмејување на Резолуцијата 2231“.
Еслами, исто така, рече дека израелските напади врз нуклеарните објекти на Иран беа насочени не само кон инфраструктурата, туку и кон самата дипломатија.
„Целта на ционистичкиот режим не е само да ги уништи нашите нуклеарни центри, туку и да го блокира патот кон дипломатијата и мирот“, рече тој. Еслами објави дека Иран ќе поднесе резолуција на конференцијата со која ќе се забранат нападите врз нуклеарните постројки и ќе одржи состаноци со земјите што соработуваат со Техеран.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио во Израел: Сите заложници мора веднаш да се вратат дома

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека сите заложници мора веднаш да се вратат дома и дека Хамас мора да биде „уништена“ како вооружена група.
Зборувајќи на прес-конференција во Ерусалим, Рубио рече дека американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште посветен на овие цели, објавува „Тајмс оф Израел“. Рубио, исто така, истакна дека Иран им се заканува не само на Израел и САД, туку и на сојузниците од Персискиот Залив и Европа. Тој рече дека нуклеарниот Иран е „неприфатлив ризик“ за светот.
Рубио го критикуваше Хамас за неговиот „неспоредлив варваризам“ и додаде дека народот на Газа не може да има мир или подобра иднина сè додека Хамас не биде разоружан и сите заложници не бидат вратени дома. „Фокусирани сме на тоа што ќе се случи следно“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио, осврнувајќи се на израелскиот напад во Доха минатата недела.
Државниот секретар на САД пристигна во Израел за да му го пренесе на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху незадоволството на САД од неодамнешниот израелски напад врз Доха, Катар, под изговор дека го напаѓа седиштето на Хамас. Пред состанокот, тој најави дека ќе разговара со Нетанјаху за воените планови на Израел за окупирање на градот Газа, како и за намерата на Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег.
Фото: принтскрин