Свет
Владата и „Макпетрол“ ја осакатија Македонија
Непресметлива е штетата што во изминативе десетина години ја трпат стопанството и граѓаните поради недефинираните сопственички односи меѓу Владата и „Макпетрол“ врз македонскиот гасовод.
Владимир Николоски
Непресметлива е штетата што во изминативе десетина години ја трпат стопанството и граѓаните поради недефинираните сопственички односи меѓу Владата и „Макпетрол“ врз македонскиот гасовод.
Владата дозволи десетина години во Македонија неконтролирано да се трошат струја и мазут како енергенси во домаќинствата и стопанските субјекти, иако уште од 1996 година во нашата земја има гасовод со должина од 155 километри, сметаат експерти.
Владимир Петровски, директор на ЈП „ГА-МА“, информира дека во наредните денови судски вештаци ќе ја утврдуваат структурата на капиталот што се вложувал во гасоводот, по што ќе се знае дали доминантен сопственик на гасоводот е Владата или „Макпетрол“.
Од 1996 година до денес „Макпетрол“, кој стопанисува со гасоводот, изградил дополнително само шест километри гасоводна мрежа, а од вкупниот капацитет на гасоводот, кој изнесува повеќе од 800 милиони кубни метри гас годишно, лани биле искористени само околу 67 милиони кубни метри гас. Експертите велат дека главната вина за неискористеноста на природниот гас е во рацете на Владата и на „Макпетрол“. Во гасоводот, кој освен во Скопје, се разгранува и кон Крива Паланка и Куманово, досега се вложени повеќе од 50 милиони долари. Меѓутоа, само мал дел стопански субјекти во овој регион користат природен гас во процесот на производство. Главна причина за стагнацијата на овој проект е во тоа што Владата од необјасниви причини во 1996 година не го зела кредитот од 42 милиони германски марки од Европската банка за обнова и развој, наменат за изградба на гасоводна мрежа. Експертите сметаат дека Владата имала лоша стратегија за користење на природниот гас и не обезбедила таканаречени „зелени“ олеснувања за компаниите што ќе го користат гасот наместо мазутот. Тие велат дека гасот е благотворен енергенс со кој не се загадува природната средина. Спротивно на тоа, мазутот содржи сулфур и други состојки што во процесот на разградување го загадуваат воздухот.
Познавачите велат дека „Макпетрол“ не се нафатил да инвестира во гасоводна мрежа поради високата цена на природниот гас. Костадин Димитров, професор на Машинскиот факултет, вели дека пониската цена на мазутот на светските берзи е главната причина за стагнацијата на овој проект.
Димитар Хаџимишев, директор на „Топлификација“, вели дека природниот гас како енергенс е исплатлив за оваа компанија само доколку продажната цена е пониска од цената на мазутот. Тој вели дека во иднина „Топлификација“ ќе го користи природниот гас како основен енергенс во новата топларница „Исток – Скопје“, која ќе се гради во соработка со руска „Итера“.
Владимир Петровски, директор на ЈП „ГА-МА“, вели дека со новиот закон за енергетика ќе се регулира состојбата во овој бизнис. Тој вели дека домашни и странски компании се интересираат за инвестирање во изградба на гасоводни мрежи до домаќинствата и до стопанските субјекти.
– За жал, Македонија претрпе огромен зијан поради стагнацијата на овој проект. Меѓутоа, преговорите со Руската Федерација за наплаќање на долгот преку изградба на гасоводниот прстен во Скопје,
расположението кај Владата и кај „Макпетрол“ за конечно да се реши долгогодишниот спор и изработката на законската регулатива и либерализацијата во областа на енергетиката се доволен показател дека набрзо ќе имаме развој на дистрибуцијата и на бизнисот со природен гас во Македонија – вели Петровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа

