Свет
Русија го намалува бројот на војници во Јужна Осетија и Абхазија
Русија го намалува планираниот број војници во грузиските сепаратистички области јужна Осетија и Абхазија
Русија го намалува планираниот број војници во грузиските сепаратистички области јужна Осетија и Абхазија.
Ова денеска го потврди началникот на Генералштабот на руската војска, Николај Макаров.
Русија по петдневната војна со Грузија во август, минатата година ги призна Абхазија и Јужна Осетија и најави дека планира да распореди по 3.800 војници во тие две области.
Макаров, како што јави РИА Новости, рече дека нема потреба руските контингенти да бидат толку големи, делумно и поради тоа што властите во Абхазија и Јужна Осетија имаат сопствени сили.
Москва не соопшти колку војници распореди во двете грузиски области по војната, додека грузиската престолнина Тбилиси тврди дека таму се наоѓаат околу 15 илјади руски војници./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.