Контакт

Свет

Седум тинејџери ранети во престрелка во САД

Објавено пред

Седум тинејџери се ранети, од кои тројца се во критична состојба, по синоќешното пукање на автобуска станица во близина на локално училиште

Седум тинејџери се ранети, од кои тројца се во критична состојба, по синоќешното пукање на автобуска станица во близина на локално училиште во Детроит.

Инцидентот се случил 15 минути по завршување на наставата во летното училиште, кога на автобуската станица од возило од типот монуволумен излегле двајца или тројца маскирани напаѓачи кои отвориле оган врз тинејџерите.

Очевидец тврди дека нападот бил продолжение од тепачка која претходниот ден се случила во училиштето. /крај/хн/мс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Словачка најмалку петмина загинати во експлозија во зграда

Објавено пред

Најмалку пет лица загинаа во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов.

Речиси 85 пожарникари се борат со пожарот до кој дојде по експлозијата, а евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери, јави „Ројтерс“.

Градоначалничката на Прешов, Андреа Турцанова, изјави дека има голем број повредени во најголемата трагедија во градот во последните 50 години.

Голем е бројот и на оние што останаа без покрив над главата.

Прикажи повеќе...

Свет

Чавушоглу: Анкара не направи никакви отстапувања на самитот на НАТО

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара не направила никакви отстапувања на неодамнешниот самит на лидерите на НАТО и дека одобрувањето на Турција за издавањето на планот на НАТО за Балтичкиот Регион зависи од признавањето на пактот за заканата од терористичката организација ЈПГ/ПКК од северна Сирија, јавува агенцијата „Анадолија“.

Тој рече и дека Турција набавила ракетни системи „земја-воздух“ – „С-4003 од Русија поради одбивањето на НАТО да им продаде слично вооружување.

„На Турција ѝ требаат противвоздушни системи. Дали се обидовме да ги купиме од нашите сојузници? Да, се обидувавме во последните 10 години. Но, не можевме да ги добиеме. Значи, тоа нема никаква врска со политика“, изјави Чавушоглу.

Чавушоглу ги даде своите изјави за време на посетата на Рим, каде што моментно се наоѓа за да присуствува на петтото издание на конференцијата „Медитерански дијалози“.

Осврнувајќи се на неодамнешниот поморски договор на Турција со Либија, Чавушоглу изјави дека Анкара е отворена за билатерални и мултилатерални договори во регионот на источен Медитеран, со единствен исклучок на администрацијата на кипарските Грци, која не ја признава.

Тој ја осуди одлуката на Грција за протерувањето на либискиот претставник во врска со поморскиот договор склучен минатиот месец помеѓу Триполи и Анкара велејќи дека Атина го покажала своето лице со тој чекор.

Прикажи повеќе...

Свет

Четворица мртви во нападот во воената база на Флорида

Објавено пред

Четири лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се убиени денеска во военопоморската база Пенсакола, во американската сојузна држава Флорида, јавуваат американските медиуми.

Од канцеларијата на шерифот првично беше јавено дека во поморската база сè уште се наоѓа активен стрелец, а неколку минути подоцна беше соопштено дека полицијата го ликвидирала напаѓачот.

Покрај напаѓачот, убиени се уште три лица, соопшти морнарицата, без да даде детали за идентитетот на жртвите, пренесе „Ројтерс“.

Како што се наведува, повредени се најмалку единаесет лица.

Ова е втор смртоносен напад со огнено оружје во американските воени бази неделава. Портпаролот на Белата куќа соопшти дека американскиот претседател, Доналд Трамп, е информиран за инцидентот и дека ја следи ситуацијата.

Во базата Пенсакола се вработени повеќе од 16.000 војници и 7.400 цивилен персонал, а тука се наоѓа и Националниот музеј на морнаричката авијација, која е популарна регионална туристичка атракција.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија2 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија3 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија3 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија4 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија4 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија6 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија7 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија8 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија9 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет10 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет10 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет11 час

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет11 час

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија11 час

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет11 час

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија11 час

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа22 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет1 ден

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие