Свет
Бајден – САД нема да спречуваат воена акција на Израел против Иран

САД нема да му стојат на патот на Израел доколку оваа земја верува дека е потребна воена акција за отстранување на нуклеарната закана од Иран
САД нема да му стојат на патот на Израел доколку оваа земја верува дека е потребна воена акција за отстранување на нуклеарната закана од Иран.
Ова, како што пренесува Макфакс, за телевизијата Еј-Би-Си го изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден.
Според него, САД не можат да и диктираат на друга суверена држава што смее, а што не смее да прави.
Израел го смета Иран за најопасен непријател, обвинувајќи ја оваа држава дека се обидува да се стекне со нуклеарно оружје под превезот на програмата за развој на нуклеарната енергија. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Свет
Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп – Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време).
Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека многу елементи од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.
Во своето ноќно обраќање во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.