Контакт

Свет

Туркменистан сака свој симбол како Ајфеловата кула

Објавено пред

Туркменистан има намера да изгради споменик, што ќе стане симбол на Ашкабат, како што е Ајфеловата кула, изјави главниот архитект на главниот град

dobivaj vesti na viber

Туркменистан има намера да изгради споменик, што ќе стане симбол на Ашкабат, како што е Ајфеловата кула, изјави главниот архитект на главниот град Бајрам Шамурадов.

„Отворен е конкурс за споменик, кој ќе стане симбол на Ашкабат, како што е Ајфеловата кула во Париз или Статуата на слободата во Њујорк“, рече Шамурадов.

Споменикот ќе стои во центарот на главниот град на Туркменистан, најави архитектот.

Туркменистан, кој изобилува со нафта и природен гас, изминатите месеци започна низа амбициозни проекти за разубавување на главниот град, како „Палата на среќата“ за организирање венчавки и Олимписко село за летни и зимски спортови.

Есктравагантни зданија никнаа во Туркменистан под режимот на диктаторот Сапармурат Нијазов, кој почина во 2006 година, додека голем дел од населението живее на работ на егзистенција.

Неговиот наследник Гурбангули Бердимухамедов отстрани некои од најоспоруваните аспекти на култот на личноста, но се повеќе е обвинуван дека заменува еден култ со друг./крај/хи/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Објавено пред

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези до летачки борбени беспилотни летала. Ги искористиле за напад на руските позиции во регионот Харков во северна Украина и победиле.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено на мал дел од фронтот“, објасни портпаролот на 13-та бригада на националната гарда.

Тоа беше импресивен технолошки подвиг, но и загрижувачки знак на слабост на украинските сили. Имено, беспилотните копнени возила се многу ограничени и се уште не можат целосно да ја заменат пешадијата, пишува Форбс.

Фактот дека 13-та бригада на националната гарда требаше да го замени целиот свој персонал во копнениот напад доволно зборува за тоа колку малку луѓе има бригадата во споредба со руските единици со кои се бори. 13-та бригада на националната гарда ја брани линијата на фронтот долга осум километри околу градот Хлибока, јужно од украинско-руската граница. Тие се обидуваат да спречат барем четири руски полкови да напредуваат.

Тоа се околу 2.000 Украинци наспроти околу 6.000 Руси. Односот е приближно ист по целата линија на фронтот, долга околу 1.300 километри.

Украинската операција вклучуваше далечински пилотирани дронови за извидување и поставување мини, таканаречени самоубиствени експлозивни роботи на земја и во воздух, како и вооружени копнени роботи.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Затворени два аеродроми во Русија

Објавено пред

За да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово беа воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казан, соопшти руската авијациска агенција Росавијација.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено не прифаќаат ниту испраќаат летови, пренесе РИА Новости.

Причините за овие ограничувања не се наведени.

Ограничувањата за користење на воздушниот простор претходно беа воведени на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, објавија прес-службите на овие аеродроми, соопшти агенцијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Бајден ми понуди во 2021 година да се одложи членството на Украина во НАТО

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека неговиот американски колега Џо Бајден му предложил во 2021 година „да се одложи членството на Украина во НАТО за десет до 15 години“, додека Украина долго време бара членство.

dobivaj vesti na viber

„Во 2021 година, сегашниот американски претседател Бајден ми предложи влезот на Украина во НАТО да се одложи за 10-15 години, бидејќи се уште не беше подготвена“, рече Путин за време на телевизиската прес-конференција.

Рускиот претседател рече дека му одговорил на Бајден разумно.

„Да, Украина сега не е подготвена. Сепак, вие (САД) ќе ја подготвите (Украина) за тоа (членството во НАТО) и ќе ја прифатите“, додаде Путин.

Според него, Русија не се грижи дали Украина ќе влезе во НАТО денес, утре или за десет години.

Москва смета дека членството на Украина во НАТО е црвена линија, додека Украина смета дека членството е неопходно за нејзината безбедност против Русија и бара да биде примено што е можно поскоро.

Вашингтон и Берлин не сакаат да прифатат каква било перспектива за брз пристап на Украина во НАТО.

Кремљ на почетокот на декември повторно предупреди дека влезот на Украина во НАТО ќе претставува неприфатлива закана за Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет1 час

Зеленски: На Украина и’ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет2 часа

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет2 часа

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Македонија16 часа

Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“

Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за...

Македонија17 часа

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од...

Македонија18 часа

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор на параполициска воена формација и ме следеле физички

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните...

Македонија19 часа

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...

Македонија20 часа

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судскиот совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат и разрешени

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне...

Македонија20 часа

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и за Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на...

Македонија21 час

Пратениците на „Влен“ би ги гласале уставните измени и денес, но потребни се политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно...

Свет23 часа

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија23 часа

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет24 часа

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет1 ден

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија1 ден

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...

Европа1 ден

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од...

Свет1 ден

(Видео) Патникот што ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија2 дена

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија2 дена

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...