Свет
„Дојче банк“ го шпионирала и синдикалниот лидер
Аферата околу шпионажата во водечката комерцијална банка во Германија „Дојче банк“ добива драматични размери, пишува неделникот „Дер Шпигл“
Аферата околу шпионажата во водечката комерцијална банка во Германија „Дојче банк“ добива драматични размери, пишува неделникот „Дер Шпигл“.
Според информациите на неделникот, банката не само што ги шпионирале менаџерите, туку надгледувала и што правата акционерите и синдикалниот лидер.
Истрагата што ја спровела една адвокатска канцеларија, покажала дека Дојче банк изнајмила детективско биро за да ги шпиунира членовите на управата, менаџерите и синдикалниот лидер, кој бил член на Надзорниот одбор.
Банката долго време се сомневала дека синдикалниот лидер Гералд Херман на агенцијата Ројтерс илегално и доставил податоци за работењето на банката. /крај/л/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Дигитал
Сондата на НАСА сè уште работи по најблиското приближување до Сонцето
НАСА денеска објави дека нејзината соларна сонда Паркер е безбедна и работи нормално, откако успешно го заврши најблиското приближување до Сонцето во историјата од вештачки објект.
Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.
НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.
Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.
Патувајќи со брзина до 692.000 километри на час, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.
„Оваа студија одблиску на Сонцето и овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во овој регион се загрева на милиони степени, потеклото на сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзини блиску до брзината на светлината“, додава агенцијата.
Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè поблиски орбити околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера за време на нејзиното прелетување на таа планета.
Свет
(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад
Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези до летачки борбени беспилотни летала. Ги искористиле за напад на руските позиции во регионот Харков во северна Украина и победиле.
„Станува збор за десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено на мал дел од фронтот“, објасни портпаролот на 13-та бригада на националната гарда.
Тоа беше импресивен технолошки подвиг, но и загрижувачки знак на слабост на украинските сили. Имено, беспилотните копнени возила се многу ограничени и се уште не можат целосно да ја заменат пешадијата, пишува Форбс.
Фактот дека 13-та бригада на националната гарда требаше да го замени целиот свој персонал во копнениот напад доволно зборува за тоа колку малку луѓе има бригадата во споредба со руските единици со кои се бори. 13-та бригада на националната гарда ја брани линијата на фронтот долга осум километри околу градот Хлибока, јужно од украинско-руската граница. Тие се обидуваат да спречат барем четири руски полкови да напредуваат.
Тоа се околу 2.000 Украинци наспроти околу 6.000 Руси. Односот е приближно ист по целата линија на фронтот, долга околу 1.300 километри.
Украинската операција вклучуваше далечински пилотирани дронови за извидување и поставување мини, таканаречени самоубиствени експлозивни роботи на земја и во воздух, како и вооружени копнени роботи.
Свет
Затворени два аеродроми во Русија
За да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово беа воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казан, соопшти руската авијациска агенција Росавијација.
Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено не прифаќаат ниту испраќаат летови, пренесе РИА Новости.
Причините за овие ограничувања не се наведени.
Ограничувањата за користење на воздушниот простор претходно беа воведени на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, објавија прес-службите на овие аеродроми, соопшти агенцијата.