Свет
Обама: Русија и САД со можност за зацврстување на билатерални односи
Русија и САД добија одлична можност да постават билатерални односи на цврста основа
Русија и САД добија одлична можност да постават билатерални односи на цврста основа.
Ова денеска го изјави американскиот претседател Барак Обама во разговорите со рускиот премиер Владимир Путин во неговата резиденција во Ново Огарјево.
Обама рече дека вчера имал „фантастичен разговор“ со рускиот претседател Дмитриј Медведев.
„Запознаен сум со вашата фантастична работа, која што сте ја работеле заради рускиот народ на местото претседател на државата и продолжувате да работите на местото премиер“, рече Обама, заблагодарувајќи му се на Путин за приемот.
„Мислам дека сега постои одлична можност да ги поставиме руско – американските односи на цврста основа“, рече Обама.
Тој оцени дека не можат да се договорат за сите проблеми, но оти ќе ги разгледуваат прашањата со взаемно почитување на интересите и на рускиот и на американскиот народ.
„Со вашето име ние ја поврзуваме надежта во развојот на билатералните односи“, рече рускиот премиер Путин обраќајќи му се на Обама. Тој додаде дека во Русија „многу се радуваат на неговото доаѓање“.
Обама денеска ќе се сретне и со претседателот на поранешниот Советски Сојуз, Михаил Горбачов, а ќе одржи и предавање во Руската економска школа и ќе разговара со руските бизнисмени./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

