Свет
ЕП ќе гласа за Баросо во септември

Европскиот парламент (ЕП) ќе гласа во септември за кандидатурата на Жозе Баросо за втор мандат за претседател на Европската комисија
Европскиот парламент (ЕП) ќе гласа во септември за кандидатурата на Жозе Баросо за втор мандат за претседател на Европската комисија (ЕК).
Ова денеска го соопшти официјален претставник на ЕП; цитиран од агенцијата Франс прес.
„Постои општоприфатен став меѓу трите големи групи во парламентот дека гласањето треба да биде за време на сесијата во септември“, изјави истиот извор, од редовите на најголемата политичка формација во ЕП, Европската народна партија.
Поранешниот португалски премиер Баросо, чиј петгодишен мандат истекува во октомври, е единствениот официјален кандидат за претседател на ЕК. /крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: На Трамп му објаснив дека руските приказни за заземање на Донбас се само празни зборови

На Русији би ѝ требале уште најмалку четири години за целосно да го заземе регионот Донбас, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Киев Индепендент“.
Тој потсети дека Русија уште во 2014 година изврши инвазија врз Донбас, а во 2022 ја започна целосната војна против Украина.
„По речиси четири години целосни воени операции, Русија зазеде околу една третина од Доњецката област и моментално контролира 67 до 69 проценти од тој простор. На американскиот претседател Доналд Трамп му објаснив дека приказните дека тие ќе го освојат Донбас до крајот на 2025 година се само празни зборови“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер оцени дека Москва инсистира на целосно повлекување на украинските сили од Донбас за да може тоа да го прикаже како „победа“ пред својата јавност.
Зеленски ги отфрли шпекулациите дека на средбата со Трамп не ја исклучил можноста за територијална размена со Русија. Тој повтори дека е подготвен за директен разговор за територијални прашања само со рускиот претседател Владимир Путин.
Според украинските медиуми, Путин наводно се согласил на повлекување на руските сили од делови од Сумска и Харковска област, во замена за откажување на Украина од Доњецк и Луганск.
„Русија нема да може трајно да ги задржи тие мали делови од Сумска и Харковска област. Нивните сили на крај ќе бидат протерани. А што се однесува до сите наши привремено окупирани територии – уште еднаш нагласувам, ние правно не ја признаваме окупацијата“, истакна Зеленски.
Регион
(Видео) Кралски питон снимен на улица во Загреб

Во загрепската населба Кајзерица вчера вечерта човек наишол на кралски питон како талка по улицата. Ја снимил змијата и го објавил видеото во соседските групи во обид да го пронајде нејзиниот сопственик.
Еден од членовите на групата вклучен во безбедното враќање на змијата потврдил за „Дневник.хр“ дека сопственикот е пронајден.
„Ја најдовме сопственичката и змијата ќе ѝ биде вратена. Пред да ја најдеме сопственичката, стапив во контакт со Зоолошката градина во Загреб. Од таму ни кажаа дека можеме да им ја доставиме змијата, но бидејќи сопственичката во меѓувреме ни се јави, проблемот е решен“, рече тој.
Свет
(Видео) Сеул постави холограм на полицаец во парк: криминалот се намали за 22 процента

Секоја вечер помеѓу 19 и 22 часот холограм во природна големина на полицаец во паркот „Џудонг“ бр. 3 во Сеул повторува предупредувања за видеонадзор и ветува дека вистинските полицајци ќе реагираат веднаш, објавува Vice.
Оваа иницијатива не е маркетиншки трик, туку проект целосно поддржан од Агенцијата за полиција во Сеул. Холограмот е создаден од технолошката компанија Hologrammica, а резултатите се веќе видливи. Откога дигиталниот полицаец беше распореден во октомври минатата година како дел од иницијативата „Безбеден парк“, бројот на пријавени кривични дела во областа се намали за речиси 22 процента.
Иако холограмот не може да уапси никого, полицијата вели дека неговото присуство е доволно за да ги одврати потенцијалните престапници. „Иако по подетаљно испитување, јасно е дека лицето не е вистинско, самото чувство за присуство на полицијата имаше значаен ефект на одвраќање“, се вели во соопштението на полицијата.
Холограмот е висок над 170 сантиметри и е моделиран по вистинска личност. Неговиот изглед, особено кога свети во темница, е донекаде морничав. Додека некои на интернет го опишуваат како корисна и високотехнолошка алатка, други го споредуваат со светлечко страшило.
И покрај мешаните критики, психолошкото влијание се чини дека е позитивно. Шефот на полициската станица во Џунгбу, Ан Донг-хјун, рече дека холограмот „се етаблира како паметен безбедносен уред“ и најави планови за проширување на ваквите системи напојувани од вештачка интелигенција во други области.
Јужна Кореја е веќе позната по употребата на експериментална технологија за јавни цели, од препознавање лица во училиштата до виртуелни асистенти на железничките станици.
фото: принтскрин