Свет
Ујгурите продолжуваат со протести
Околу 200 Ујгури со мотики, железни стапови и камења се собраа денеска во еден муслимански кварт во Урумчи, главниот град на автономната област
Околу 200 Ујгури со мотики, железни стапови и камења се собраа денеска во еден муслимански кварт во Урумчи, главниот град на автономната област Ксинџијанг во северозападна Кина.
Тие протестираат поради нападот врз нив од страна на етничката група Хан, пренесуваат очевидци.
Ова е четврти ден од тешките мултиетнички нереди во главниот град на таа област во кои што се судрија Ујгурите, мнозинско муслиманско население во таа област и Хан Кинезите.
Во неделата кога избија судирите меѓу двете етнички групи, загинале 156 лица, а над илјада се ранети, според официјални извори.
Наспроти Ујгурите, кои се опремени со импровизирано оружје поставен е полициски кордон, кој што ги одвојува од квартовите во градот каде што живеат Хан Кинези.
Хан Кинезите вчера масовно излегоа на улиците во Урумчи вооружени со стапови, лопати и мачеви за да го изразат бесот поради нападите на Ујгурите, но полицијата успеа да спречи судири на двете страни./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Москва инсистира на мир
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување референдум за територијалното прашање.
„Ако идејата е да се создаде изговор за барање прекин на огнот, пауза на фронтот, тогаш природно тоа нема да функционира. Бидејќи сакаме да работиме на мир, а не на прекин на огнот“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ истакна дека прекинот на огнот би бил „измама и трик“ и дека мирот во Украина мора да има „сигурни гаранции“.
Во четвртокот, Зеленски ја објави можноста за одржување национален референдум за територијални прашања.
Москва постојано нагласуваше дека регионите што станаа дел од Русија станаа составен дел од неа и дека ова е „неоспорен и непобитен факт“, потсетуваат медиумите.
Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин го прими во Кремљ специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, со кого разговараше околу пет часа за суштината на мировната иницијатива на САД, но сè уште не е постигнат компромис, според руската агенција.
Рускиот лидер подоцна изјави дека Вашингтон ги поделил 27-те точки од оригиналниот план во четири насоки и предложил тие да се дискутираат одделно.
Тој објасни дека ги разгледал речиси сите од нив и дека има прашања со кои Москва не се согласува.
Зеленски отпатува во Велика Британија во понеделникот, каде што разговараше за американскиот предлог со европските лидери. Според украинските медиуми, по состанокот тој повторно одби да направи какви било отстапки по прашањето за територијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Турски товарен брод погоден во ракетен напад врз Одеса
Турски товарен брод беше оштетен денес во ракетен напад во пристаништето Одеса, објави компанијата „Ченк Денизчилик“, објавија турските медиуми.
Според извештаите, во случајот нема повредени, а по нападот, на бродот избувнал пожар.
Брод што превезувал камиони од турскиот град Карасу до Одеса бил погоден во пристаништето Чорноморск кратко по пристанувањето.
Противпожарни екипи, како и екипажот на бродот, учествуваат во гаснењето на пожарот, според написите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Шпанската политичарка Мартинез носеше никаб на седница
Вирџинија Мартинез, регионална пратеничка во Мурсија од шпанската конзервативна партија Вокс, се појави во регионалното собрание oблечена во никаб за да го презентира предлогот на нејзината партија за забрана на таква облека на јавни места.
На снимката објавена од самата Мартинез, може да се види како таа влегува во зградата на регионалниот парламент облечена во никаб. Пред да се качи на говорницата, претседателката на регионалниот парламент, Визитасион Мартинез, ја предупреди дека не може да им се обрати на пратениците облечена на тој начин.
La #AsambleaRegional me prohíbe debatir con el #Niqab. Si no se puede llevar en la sede de la soberanía Regional tampoco se debería llevar en los espacios públicos de la Región. #NiBurka #NiNiqab #Libertad pic.twitter.com/HyP3NUU6Bq
— Virginia Martínez 🇪🇸 (@virginia_vmg) December 10, 2025
„Не можете да учествувате на оваа пленарна седница облечена вака. Ве молам пресоблечете се“, ѝ рече претседателката на парламентот.
Откако го соблече никабот, Вирџинија Мартинез рече дека е среќна што таквата облека не е дозволена. „Драго ни е што ваков вид облека не е дозволена затоа што по 50 години демократија дојдовме до тоа да видиме жени како мора да живеат во затвори направени од ткаенина, а тоа не е слобода за ниту една жена во ова општество“, рече таа.
Таа додаде дека забраната треба да се применува и надвор од парламентот. „Драго ни е што тоа не е дозволено во овој парламент, а ако не е дозволено тука, не треба да биде дозволено на ниту еден јавен простор“, рече Мартинез.
Шпанија нема општа, национална забрана за носење бурка или никаб. Обидите на локалните власти да воведат такви ограничувања беа поништени од судовите во минатото. Уште во 2013 година, Врховниот суд на Шпанија пресуди дека локалните забрани, како онаа во Љеида, се неуставни бидејќи го кршат фундаменталното право на слобода на вероисповед.
Ситуацијата е различна од, на пример, Франција, каде што националната забрана за покривање на лицето во јавност беше потврдена со пресудата на Европскиот суд за човекови права во 2014 година.
Слична ситуација како оваа во регионалното собрание на Мурсија се случи минатиот месец во Австралија, кога сенаторката Полин Хансон беше суспендирана една недела откако носеше бурка во парламентот за да ја промовира забраната за муслиманска облека во јавност.
Ова беше втор пат сенаторката од Квинсленд, членка на антиимиграциската партија „Една нација“, да дојде во парламентот со покриено лице и тело.
Фото: депозитфотос

