Контакт

Свет

Пет прободени во Памплона

Објавено пред

Крвопролевањето на трката со бикови во Памплона продолжи и денеска со биланс од најмалку пет прободени

Крвопролевањето на трката со бикови во Памплона продолжи и денеска со биланс од најмалку пет прободени.

Други шест лица се здобиле со повреди на поинаков начин, но засега нема нова жртва, пренесуваат западните агенции.

Шестата трка на годинешниот фестивалот Свети Фермин се одржа изутрината, два дена откако бик смртно прободе едно лице, прва жртва во последните 14 години на традиционалната трка со бикови.

Медицинскиот портпарол на фестивалот Фернандо Бонета соопшти дека меѓу петмината тркачи, кои биле прободени изутрината, двајца се во сериозна состојба, додека другите шестмина повредени имаат само полесни посекотини и модринки.

Во особено тешка состојба е маж кого бик, тежок близу 600 килограми, го прободел со роговите во пределот на градите./крај/фонет/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулкан, секунди пред ерупцијата

Објавено пред

Според најновите податоци, веб-камера открила дека најмалку десет туристи биле во кратеротна вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд во момент пред ерупцијата.

Досега властите соопштија дека во ерупцијата на вулканот загинале најмалку пет лица, додека 20 се повредени. Но, за конечниот биланс не може да се уште да се зборува бидејќи во моментот на ерупцијата на островот имало околу 50 туристи и дека голем број од нив се исчезнати.

Според најновите информации кои ги пренесе Ројтерс, на снимката на една веб-камера откриена е група туристи, околу десетина, како влегува во кратерот на вулканот, само неколку секунди пред да еруптира.

Според властите, бројот на исчезнати лица е двоцифрен.

Прикажи повеќе...

Свет

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Објавено пред

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка на финската влада во историјата.

Марин, која е трета жена на чело на финската влада, го победи синоќа со тесно мнозинство противкандидатката Анти Линдман. Таа ќе го наследи Анти Рине, кој поднесе оставка во вторникот, поради кризата предизвикана од штрајк во пошта.

За Марина гласале 32 членови на Советот на Социјалдемокраската партија на Финска, а за Линдман 29. Марин досега била потпретседателка на социјалдемократите и министерка за сообраќај и комуникации.

Рине поднесе оставка бидејќи партијата на центарот ја повлекла поддршката на неговата влада, наведувајќи како причина недостигот на доверба.

Партијата на центарот го критикувала управувањето со земјата на Рине, во пресрет на двонеделниот штрајк на работниците во државната пошта, кој се прошири и на другите индустрии.

Прикажи повеќе...

Свет

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

Објавено пред

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на вработените во железницата, повеќето француски возови останаа во станиците.

Штрајкот на француските железници РАТП и париските железници СНЦФ, затвори 14 линии на метрото, со само две линии кои работат на автоматски возови без возачи. Според француските медиуми, денеска се очекува да биде исклучително тешко.

СНЦФ ги советуваше корисниците да ги избегнуваат станиците денеска поради безбедносни причини и потенцијалот за голем метеж.

Сообраќајот на брзите метро линии во Париз, исто така, ќе биде нарушен бидејќи 10 од 16-те линии ќе останат затворени, објави француската радио станица Франс енфо.

За да се избегнат поголемите застои, обичните возила ќе им се овозможи денеска да користат жолти ленти резервирани за градски сообраќај и такси, но само на приодите кон Париз, а не и во самиот главен град.

СНЦФ и РАТП штрајкуваат околу реформите во пензискиот систем што ги објави францускиот претседател Емануел Макрон.
Железничките синдикати, кои веруваат дека реформата предложена од Макрон нуди послаби услови за пензија и присилува одредени категории да работат подолго, изјавија дека понеделник е клучен ден, но исто така подготвени се да го продолжат штрајкот до католички Божиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулкан, секунди пред ерупцијата

Според најновите податоци, веб-камера открила дека најмалку десет туристи биле во кратеротна вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд во...

Македонија1 час

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет2 часа

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет2 часа

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет2 часа

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион14 часа

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ16 часа

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион17 часа

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ20 часа

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ21 час

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија21 час

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија23 часа

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура24 часа

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Свет24 часа

Оружје пронајдено кај демонстранти во Хонгконг, еден од нив имал и пиштол

Во полициска акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје....

Топ1 ден

Кривична против дилер од Арачиново во чиј автомобил бил пронајден хероин

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишник од скопското село Арачиново, откако во автомобил кој го управувал бил пронајден хероин....

Македонија1 ден

Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска...

Регион2 дена

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин. Според информациите...

Македонија2 дена

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија2 дена

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Македонија2 дена

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Досие