Свет
На Венера имало океан
На планетата Венера во минатото имало океан или се случувале активни тектонски процеси, слични на оние што денес ги има на Земјата
На планетата Венера во минатото имало океан или се случувале активни тектонски процеси, слични на оние што денес ги има на Земјата.
Ова го заклучиле научниците, по проучувањето на податоците добиени од европската сонда Venus Express.
Во статија објавена во списанието Journal of Geophysical Research – Planets, научници од Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија и Италија, ја анализирале првата карта на јужната полусфера на Венера. Таа била направена врз база на илјадници снимки, направени од инфрацрвениот уред VIRTIS од мај 2006. до декември 2007. година.
Претходно директното проучувањето на планетата беше невозможно поради густиот слој облаци, па мораше да се користат радари.
Но Venus Express стана првата сонда што овозможи формирање на мапи по кои може да се утврдува хемискиот состав на карпите, откако различни карпи различно излачуваат топлина. Новите податоци ја потврдуваат теоријата дека планинското плато на Венера – старите континенти, биле обиколени со океан.
Осум светски сонди слетале на површината на Венера во 70-80 години на минатиот век. На местото каде што слетале се откриени базалтови карпи.
Новата карта на Венера покажува дека карпите на некои платоа се посветли и изгледаат постари во однос на останатата површина.
Научниците сметаат дека овие карпи одговараат на земните гранити, од кои се составени континентите.
„Ако на Венера има гранит, тогаш во минатото таму требало да има океан“, сметаат научниците. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Патнички авион се излизга од пистата во Литванија
Патнички авион управуван од полскиот превозник LOT се излизга од пистата на аеродромот Вилнус во Литванија по пристигнувањето од Варшава, со што се запре целиот сообраќај на аеродромот, соопшти операторот на аеродромот.
Сите патници на летот LO771 се симнаа и нема извештаи за повредени, соопшти аеродромот на Фејсбук. Портпаролот на A LOT изјави дека „Ембраер 170“ превезувал 63 патници и четири члена на екипажот.
✈️🚫A LOT Polish Airlines plane rolled beyond the runway at Vilnius Airport
The Warsaw–Vilnius flight veered off the runway during landing.
Passengers were evacuated from the aircraft. Because of the incident, the airport’s operations were paralyzed — all flights were suspended. pic.twitter.com/cvTKhAkJGg— NEXTA (@nexta_tv) November 26, 2025
„По слетувањето, сите патници безбедно се симнаа со помош на подвижни скали, по што беа транспортирани до терминалот“, рече портпаролот.
Пистата ќе остане затворена до 19 часот по локално време, соопшти аеродромот.
На патниците кои требаше да летаат од Вилнус денес им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за дополнителни информации за поединечните заминувања, според написите во регионалните медиуми.
Фото: принтскрин
Свет
Сорокин: Шверц на оружје од Украина во ЕУ
Заплената на шверцувано оружје на молдавско-романската граница сведочи за постоењето на софистицирана и добро организирана шема што ја олеснува нелегалната трговија со оружје од Украина во Европската Унија преку Романија, изјави за ТАСС, Дмитриј Сорокин, директор на Руско-молдавскиот центар за пријателство и соработка.
Нелегална муниција е пронајдена во камион со потекло од Молдавија на границата со Романија, пренесува медиумот.
„Овој инцидент го истакнува присуството на трајна и систематски организирана мрежа за шверц на оружје од Украина во ЕУ преку Романија. Вредноста на ова оружје на црниот пазар може далеку да ги надмине нивните законски цени, што го прави шверцот многу профитабилен за криминалните групи. Романските царински власти, кои уживаат одреден степен на автономија, можат намерно да дозволат некои пратки да поминат, со намера подоцна да ја конфискуваат пратката за да ја демонстрираат нивната ефикасност – вообичаена тактика во борбата против организираниот криминал“, објаснува Сорокин.
Според написите, романските гранични службеници веруваат дека оваа муниција е шверцувана од Украина, веројатно од ненаведен магацин, и транспортирана маскирана. „По преминувањето на молдавската граница, таа беше прераспределена меѓу учесниците во криминалната шема, што укажува на сложена и внимателно оркестрирана операција“, додава експертот. Сорокин нагласува дека инцидентот се случил на критичниот граничен премин Албита-Леушени, клучна транзитна точка за поголемиот дел од увозот и извозот во Молдавија.
„Како поранешен молдавски царински службеник, со сигурност можам да кажам дека шверцувањето оружје преку царина без откривање е практично невозможно, со оглед на тоа што сите пратки се предмет на задолжително скенирање и инспекција. Ова укажува на прекршување на договорот меѓу вклучените во мрежата на шверц“, истакна тој.
Сорокин посочи дека молдавските власти веројатно ќе одговорат со сеопфатни мерки за идентификување и гонење на одговорните.
„Ова може да вклучува затворска казна до 10 години за возачот, што е стандардна казна во вакви случаи. Ваквите акции имаат за цел да спречат слични инциденти во иднина и да го зачуваат угледот на Молдавија како земја посветена на борбата против шверцот и организираниот криминал“, заклучи тој, пишува медиумот.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Горaт облакодери во Хонгконг, има загинати
Најмалку четири лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинаа во катастрофален пожар што денеска зафати станбен комплекс во Хонгконг. Властите соопштија дека две лица се во критична состојба, а едно е стабилно, додека се стравува дека уште жители може да бидат заробени во запалените станови, пренесува Би-би-си.
Драматичните снимки од населбата Тај По прикажуваат густ чад и пламен што излегува од неколку кули во станбениот комплекс Ванг Фук Корт.
WATCH LIVE: Fire engulfs a residential building in Hong Kong’s northern Tai Po district https://t.co/rNs1F3CWl4
— CGTN Europe (@CGTNEurope) November 26, 2025

