Свет
Парламентот на Исланд за членство на државата во ЕУ

Исландскиот Парламент денеска со тесно мнозинство изгласа Исланд да побара членство во Европската унија (ЕУ)
Исландскиот Парламент денеска со тесно мнозинство изгласа Исланд да побара членство во Европската унија (ЕУ).
За почеток на преговорите за членство во ЕУ гласале 33 членови на Парламентот, додека 27 биле против, пренесува Макфакс.
Исландската премиерка Јохана Сигурдардотир сака до крајот на овој месец да поднесе барање за прием во Унијата.
За конечна одлука за приклучување кон ЕУ е потребно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум.
Исланд, минатата есен, беше меѓу првите држави тешко погодени од економската криза, а агенциите го толкуваат настојувањето на оваа држава да влезе во ЕУ како отстапување од независност поради стабилност.
Многумина од 320 илјади жители на Исланд, меѓу кои и некои членови на Левото зелено движење од владејачката коалиција, се противат на приемот во ЕУ.
Исланд е веќе дел од Европскиот економски простор, што им овозможува на Исланѓаните да живеат и работат во ЕУ, додека државата може да води самостојна политика во земјоделството, риболовот и монетарните прашања./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прва реакција од Москва за најавената оставка на Борис Џонсон

Кремљ објави дека британскиот премиер Борис Џонсон не ја сака Русија, а дека ниту Москва не го сака него.
„ Џонсон не нè сака, не ни се допаѓа ниту на нас“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој истакна дека веста дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција не претставува ништо посебно за Кремљ.
Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.
Свет
Лавров пристигна на самитот Г20, денеска ќе разговара со колегите од Турција и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе разговара со турските и кинеските колеги на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, се наведува во соопштението на МНР.
Лавров утре треба да одржи и серија средби со колегите од другите земји од Г20.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека страните ќе разговараат за итните прашања поврзани со зајакнувањето на основите на мултилатерализмот во полицентричен свет, обезбедувањето храна и енергетска безбедност.
„Се очекува посебно внимание да се посвети на враќањето на економскиот раст, решавањето на последиците од пандемијата на коронавирусот и спроведувањето на целите за одржлив развој во светлината на енергетската транзиција и дигиталната трансформација“, наведе таа, пренесе ТАСС.