Свет
Во Британија умреле 29 лица од грипот А

Вкупно 29 лица умреле од новиот вид на грипот А(Х1Н1) во Британија, соопшти британската Агенција за заштита на здравјето
Вкупно 29 лица умреле од новиот вид на грипот А(Х1Н1) во Британија, соопшти британската Агенција за заштита на здравјето.
Во понеделникот, како што пренесува Макфакс, билансот на новиот вирус на грипот А беше 17 мртви. Од вкупниот број мртви, 26 умреле во Англија, а тројца во Шкотска.
Според најновите податоци на Агенцијата, регистрирани се околу 55.000 нови случаи на грипот во земјата која спаѓа меѓу најпогодените од оваа болест во светот. Повеќето случаи се сметаат за благи облици на болеста. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.
Свет
Лавров пристигна на самитот Г20, денеска ќе разговара со колегите од Турција и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе разговара со турските и кинеските колеги на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, се наведува во соопштението на МНР.
Лавров утре треба да одржи и серија средби со колегите од другите земји од Г20.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека страните ќе разговараат за итните прашања поврзани со зајакнувањето на основите на мултилатерализмот во полицентричен свет, обезбедувањето храна и енергетска безбедност.
„Се очекува посебно внимание да се посвети на враќањето на економскиот раст, решавањето на последиците од пандемијата на коронавирусот и спроведувањето на целите за одржлив развој во светлината на енергетската транзиција и дигиталната трансформација“, наведе таа, пренесе ТАСС.
Свет
Русија: Убивме Украинци кои го кренаа знамето на Змискиот Остров

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убиле украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот Остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.
„Ноќта меѓу 6 и 7 јули режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот Остров“, објави руското Министерство за одбрана.
„Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот Остров.