Свет
СЗО: Преголем е бројот на заразените од новиот грип за да се бројат
Пандемијата на грипот А/Х1Н1 се шири со досега најголема брзина, поради што станува бесмислено да се бројат заразените, соопшти Светската здравствена
Пандемијата на грипот А/Х1Н1 се шири со досега најголема брзина, поради што станува бесмислено да се бројат заразените, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Поради големиот број на заразени СЗО побара од државите да не го пријавуваат секој случај на заразен, туку само потешките случаи и починатите.
„Обидот за регистрирање и пријавување на секој случај е големо губење средства“, изјави портпаролот на СЗО, Грегори Хартл.
Според последните податоци на СЗО, до шести јули во светот од новиот грип се заразија 94.512 лица, од кои 429 починаа. /крај/хн/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

