Свет
ММФ за специјални права за влечење од 250 млрд. евра

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе гласа во август околу предлогот за доделување на посебни права за влечење во вредност од 250 милијарди долари
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе гласа во август околу предлогот за доделување на посебни права за влечење во вредност од 250 милијарди долари.
Воведувањето на ова мерка би било со цел да им се помогне на сиромашните држави полесно да ја пребродат кризата.
Едократното безусловно доделување на посебните права за влечење (SDR) во вредност од 250 милијарди долари ќе ја зголеми ликвидноста на сиромашните и на економиите во развој.
SDR се доделува согласно квотите на одредена земја членка и може да се менуваат за конвертабилни валути, како што е доларот, еврото, фунтата и јенот.
Најразвиените земји имаат и најголеми квоти во ММФ и се очекува дека своите посебни права на влечење да им ги позајмат на оние земји кои имаат проблем со ликвидноста.
„Доделувањето на SDR е клучниот елемент на одговорт на ММФ на глобалната криза и претставува значителна поддршка на членките во овие тешки времиња“, изјави директорот на ММФ, Доминик Штраус-Кан.
Овој план е предложен од групата Г20, заради одржување на ликвидноста во меѓународниот финансиски систем.
Според новата шема САД ќе добијат 42,6 милијарди долари, Јапонија 15, Кина девет, Русија 6,6, Индија 4,5, Мексико 3,6, Бразил три, Турција 1,3 милијарди долари.
Македонија им специјални права за влечење во ММФ во вредност од 77 милиони долари. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поради заболувања на кожата, сите мислат дека двегодишно дете е пластична кукла

Поради заболувања на кожата, сите мислат дека двегодишно дете е пластична кукла. Харлекинска ихтиоза е ретка генетска болест со која кожата е завиткана со дебели кожни плочки, меѓу кои има длабоки пукнатини. Мајкл Винтер е роден со оваа болест.
На мајката на ова двегодишно дете ` било кажано дека Мајкл Винтер од Дерби, Велика Британија, може да умре само неколку недели по раѓањето, затоа што бил подложен на инфекција заради неговата состојба, пренесува „Дејли меил“.
Му бил дијагностицирана харлекин ихтиоза, ретка генетска болест на кожата. Но, храбриот „лав“ успеал да се справи со помош на грижата на неговата мајка Ен. Таа вели дека е тешко да го шета бебето, бидејќи неговата кожа често пука и дека особено мора да внимава на сонцето затоа што тој не смее да изгори. Таа вели дека често ѝ се случува надвор случајни минувачи да ја прашуваат дали станува збор за пластична кукла.
„Луѓето ми приоѓаат и ме прашуваат што се случило со него и дали можат да ни помогнат. Бев во продавницата и некој ми пријде упорно гледајќи во Мајкл и ме праша дали е кукла. Тоа ме вознемирува бидејќи мојот син е прекрасен. Тој едноставно има само ретка болест“, вели мајката.
Таа дознала за состојбата на детето веднаш по породувањето. Тие не ѝ покажале веднаш на неговата мајка, која морала да чека со часови за да бидат направени бројни текстови на новороденчето со ретка болест.
Свет
Нападната претседателската резиденција во Могадишу, убиени три лица

Најмалку петмина вооружени лица денеска ги нападнаа чуварите на претседателската палата во Могадишу, во обид за заземање на комплексот, изјави полицаец од Сомалија.
„Безбедносните сили го одвратија нападот и убија најмалку тројца напаѓачи, додека размената на оган продолжи во околината“, изјави капетанот Мохамед Хусеин. Двајца од напаѓачите побегнале.
Свет
Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот добитник на Нобелова награда за литература е познат по своите контроверзни ставови за тоа што се случи во регионот, односно го негираше геноцидот во Сребреница и повика на одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и обвинет за воени злосторства во Хаг.
За време на доделувањето на Нобеловата награда се одржа голем протест против Шведската академија и одлуката годинешниот лауреат да биде контроверзниот австриски писател Питер Хандке.
Аднан Махмутовиќ, организатор на денешните протести во шведската престолнина по повод доделувањето на Нобеловата награда за Хандке, рече дека одлуката на Шведската академија може да има огромни последици за сите од балканскиот регион, но и Шведска, Европа и светот.
Речиси сите балкански земји одлучија да го бојкотираат вечерашното доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, поради неговата поддршка на Милошевиќ.
„Мора да се спротивставиме на негирањето на геноцидот“, порача преку Твитер шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Тој соопшти дека му дал инструкции на амбасадорот на Северна Македонија во Шведска да не учествува на церемонијата во Стокхолм.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци