Свет
Исчезнале 10 илјади Ујгури во една ноќ
Речиси 10 илјади Ујгури исчезнале само во една ноќ за време на меѓуетничките судири во почетокот на јули во северозападна Кина
Речиси 10 илјади Ујгури исчезнале само во една ноќ за време на меѓуетничките судири во почетокот на јули во северозападна Кина.
Со вакво тврдење денеска во Токио излезе лидерката на побунетите Ујгури во егзил, Ребија Кадир.
„Речиси 10 илјади луѓе исчезнаа во Урумкви само во една ноќ. Каде се? Ако се мртви каде се наоѓаат?“, праша дисидентскиот лидер на прес конференцијата за време на вториот ден од посетата на Јапонија.
Жестоки судири избија во автономната кинеска покраина Ксинџијанг на 5. јули меѓу муслиманските, туркофони Ујгури и припадниците на мнозинскиот кинески народ Хан.
Според официјалните бројки, во немирите животите ги изгубиле 197 лица. Светскиот ујгурски конгрес тврди дека станува збор за илјадници мртви.
Кадир, која се наоѓа на чело на Конгресот, ја осуди кинеската „колонизација“ која што ја загрозува културата и религијата на ујгурската заедница./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.