Свет
Вороњин: Изборите – приближување со Русија

Надеж дека парламентарните избори ќе придонесат кон приближување со Русија, изрази денеска претседатeлот на Молдавија Владимир Вороњин
Надеж дека парламентарните избори ќе ја окончаат политичката криза во државата и ќе придонесат кон приближување со Русија, изрази денеска претседателот на Молдавија Владимир Вороњин.
“Гласам за стабилност и демократски развој. Се надевам дека по изборите ќе излеземе од политичката криза и ќе можеме да работиме на борбата против економската криза“, изјави по гласањето Вороњин.
Тој заминува од функцијата бидејќи му истекува вториот претседателски мандат.
Политичката криза, во Молдавија, трае од изборите во април на кои повторно победи владејачката Комунистичка партија.
Вороњин, кој е лидер на Комунистичката партија, во јуни го распушти Парламентот бидејќи два пати не успеа да се избере шеф на држава.
Комунистичката партија доби мнозинство гласови на парламентарните избори на 5 април, а опозицијата ги оспоруваше резултатите од изборите. Избија протести во кои загинаа најмалку две лица.
Опозицијата, потоа, во Парламентот го бојкотираше гласањето за новиот претседател на државата./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско кој беше хоспитализиран поради пневмонија, во писмо повика на прекин на војните и дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“, папата рече дека неговата долга болест му помогнала да стане уште појасна „апсурдноста на војната“ и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите, велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април, и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува Танјуг.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор денеска со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица кои завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Свет
Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп-Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време).
Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека „многу елементи“ од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.
Во своето ноќно обраќање во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој, додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.