Свет
Иранскиот духовен водач го потврдува мандатот на Ахмадинеџад
Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи денеска треба да го потврди вториот претседателски мандат на Махмуд Ахмадинеџад
Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи денеска треба да го потврди вориот претседателски мандат на Махмуд Ахмадинеџад.
Опозицијата продолжува да ги негира резултатите од претседателските избори одржани на 12.јуни, обвинувајќи го Ахмадинеџад за лажирање на резултатите.
Незадоволни од резултатите, приврзаниците на противкандидатот на Ахмадинеџад, Мир Хусеин Мусави, се собираа на протести во Техеран, барајќи повлекување на Ахмадинеџад и распишување на нови избори.
Иранските власти уапсија дел од демонстрантите,против кои деновиве се одржаа и судски процеси. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско ги осуди злоставувањето и злоупотребата на децата
Папата Франциско денеска во своето неделно обраќање ги осуди луѓето кои злоставуваат деца и оние кои на кој било начин се соучесници во злоупотребата на малолетници.
„Бараме благодат повторно да го откриеме важното место кое секое дете го зазема во Божјото срце, за никој да не биде соучесник во злоупотребите што се вршат врз него, но и жестоко да ги осудиме“, рече папата Фрањо, објави АНСА.
Тој рече дека „децата заземаат привилегирано место во Божјото срце“ и дека секој што ќе им наштети „ќе мора да одговара за тоа пред Бога“.
Регион
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, кажа грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.
Според грчките медиуми човекот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор.
Министерот за здравство Адонис Георгиадис во интервју за грчките медиуми, по објавувањето на првиот случај на метапневмонија во Солун кажа дека повозрасниот маж е хоспитализиран во болница во Солун.
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација на вирусот, бидејќи има карактеристика лесно да мутира и сакаме да се види дали има некои поопасни карактеристики“.
„Го чекаме деталниот преглед кој го побаравме“, нагласи Адонис Георгиадис.
Тој категорично посочи дека „во овој момент нема посебна причина за загриженост за вирусот ниту за Грција, ниту за Европа“.
„Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше Ковид во 2019 година, кога започна од Кина. Станува збор за познат вирус кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет“, објасни Георгиадис.
Свет
Исчезнат планинар е пронајден во Австралија по 13 дена потрага
Хади Назари, 23-годишен студент по медицина, беше пронајден жив откако исчезна пред 13 дена на 26 декември минатата година додека планинареше во австралискиот национален парк Кошчиушко.
Откако се разделил од своите пријатели за да го фотографира пејзажот, тој се изгубил во регионот на Снежните Планини.
Потрагата, во која учествуваа стотици волонтери, меѓу кои и пријателите и семејството на исчезнатиот ученик, траеше речиси две недели. Го спасила група планинари кои го пронашле денеска во близина на Синото езеро, на околу 10 километри од кампот каде што требало да се сретне со своите пријатели.
Според началникот Ендрју Сплит, Назари бил дехидриран, но бил свесен и не бил сериозно повреден. Брзата помош веднаш со хеликоптер го пренела во болница на дополнителен преглед.
Назари преживеал на две плочки од житарки пронајдени во планинска колиба, бобинки и вода од поток. Сплит ја пофали неговата снаодливост и упорност и истакна дека поминал значително растојание во тешки услови.
Неговото семејство, видно трогнато, рече дека ова е „најсреќниот ден во нивниот живот“. Спасувачката операција заврши успешно и покрај предизвикувачките временски услови. Полицијата ќе разговара со Назарио откако тој ќе заврши со опоравувањето во болница за да ги разјасни сите околности на неговото исчезнување.