Свет
Прв смртен случај од новиот грип во Холандија

Момче на 17 – годишна возраст е првата жртва што ја зема новиот вирус А(Х1Н1) во Холандија, соопштија властите
Момче на 17 – годишна возраст е првата жртва што ја зема новиот вирус А(Х1Н1) во Холандија, соопштија властите.
Тинејџерот, чиј што идентитет не беше откриен, имал и други заболувања.
Холандија која што има 16,5 милиони жители, досега потврди 663 случаи на свински грип од април. Од нив деветмина сè уште се наоѓаат во болница.
Шпанското Министерство за здравство соопшти дека денеска починала 35 годишна жена како последица од новиот грип, со што бројот на починати од смртоносниот вирус се искачи на осум лица./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прва реакција од Москва за најавената оставка на Борис Џонсон

Кремљ објави дека британскиот премиер Борис Џонсон не ја сака Русија, а дека ниту Москва не го сака него.
„ Џонсон не нè сака, не ни се допаѓа ниту на нас“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој истакна дека веста дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција не претставува ништо посебно за Кремљ.
Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.
Свет
Лавров пристигна на самитот Г20, денеска ќе разговара со колегите од Турција и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе разговара со турските и кинеските колеги на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, се наведува во соопштението на МНР.
Лавров утре треба да одржи и серија средби со колегите од другите земји од Г20.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека страните ќе разговараат за итните прашања поврзани со зајакнувањето на основите на мултилатерализмот во полицентричен свет, обезбедувањето храна и енергетска безбедност.
„Се очекува посебно внимание да се посвети на враќањето на економскиот раст, решавањето на последиците од пандемијата на коронавирусот и спроведувањето на целите за одржлив развој во светлината на енергетската транзиција и дигиталната трансформација“, наведе таа, пренесе ТАСС.