Свет
„Архипелагот Гулаг“ на Солжењицин задолжителна литература во Русија

Томовите од некогаш забранетиот роман „Архипелагот Гулаг“ на Александар Солжењицин станаа обврзна литература
Томовите од некогаш забранетиот роман „Архипелагот Гулаг“ на Александар Солжењицин станаа обврзна литература во повисоките одделенија во основните училишта во Русија, јави Риа Новости.Книгата, во која што авторот ја опишува бруталноста и очајот во затворските логори, воспоставени за време на владеењето на советскиот диктатор Јозеф Сталин, се смета за ремек дело излезено од перото на Солжењицин.„Архипелагот Гулаг“ беше забранет во Советскиот Сојуз, а неговиот автор беше во егзил. Но, руското Министерство за образование вчера ги прогласи томовите од романот за обврзна литература, со цел учениците подобро да ја разберат руската историја.Еден од најпознатите руски и дисидент од времето на советскиот период Александар Солжењицин почина минатата година на 89-годишна возраст./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ го предупредува Иран: Затворањето на теснецот низ кој минува нафтата би било исклучително опасно

Високaта претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, предупреди дека затворањето на Ормутскиот теснец би било исклучително опасно и нема да биде добро за никого.
„Постои голема загриженост за можноста за одмазда и ескалација на војната, особено ако Иран го затвори Ормутскиот теснец, што би било исклучително опасно и не би било добро за никого“, изјави Калас пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи, на кој главна тема ќе биде ситуацијата на Блискиот Исток.
Ормутскиот теснец, кој го поврзува Персискиот залив со Индискиот Океан, е најважниот светски премин за транспорт на нафта. Низ него поминува околу 20 отсто од глобалната побарувачка за нафта и гас.
Министрите разговараа за Иран и пред официјалната средба за време на работниот појадок.
„Министрите се многу фокусирани на дипломатско решение и постои голема загриженост за можноста за одмазда и ескалација на војната“, рече високиот претставник.
На 13 јуни Израел изврши напади врз иранските нуклеарни постројки, на што Иран возврати со напади на израелска територија. Во конфликтот се вмешаа САД, кога пред два дена ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки.
Министрите ќе разговараат и за извештајот на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), која заклучи дека има индиции дека Израел го прекршува членот 2 од договорот со Европската унија. Тој член ги регулира трговските односи меѓу Израел и ЕУ и предвидува односите да се засноваат на почитување на човековите права и демократските вредности.
Во ЕУ нема единство што да се прави во врска со тој извештај. Војната меѓу Израел и Иран, во која се вклучија САД, го оттргна вниманието од однесувањето на Израел во Газа. Тие најверојатно ќе го забележат извештајот без да преземат конкретни мерки против Израел.
Министрите ќе разговараат и за натамошна поддршка за Украина.
Свет
Пристигна првата реакција на Кина за американскиот напад врз Иран

Кина ги обвини Соединетите Американски Држави дека ја прекршуваат Повелбата на Обединетите нации со нивните напади врз иранските нуклеарни постројки и ги предупреди сите страни вклучени во конфликтот да спречат понатамошна ескалација.
„Американските напади врз иранските нуклеарни постројки сериозно ги кршат целите и принципите на Повелбата на ОН и дополнително ги влошуваат тензиите на Блискиот Исток. Советот за безбедност на ОН не може да стои настрана“, рече Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите.
Лин рече дека Кина, Русија и Пакистан предложиле нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „итен и безусловен прекин на огнот“.
„Заедно испративме порака за правда која ја одразува силен апел до меѓународната заедница“, рече Лин.
„Се надеваме дека членовите на Советот заеднички ќе ја поддржат нацрт-резолуцијата и ќе му овозможат на Советот за безбедност да ја одигра својата улога во зачувувањето на меѓународниот мир и безбедност“.
Лин додаде дека „Кина ги повикува страните во конфликтот да спречат ескалација на ситуацијата“ и рече дека Пекинг е „подготвен да соработува со сите добронамерни актери со цел да се подобри комуникацијата и координацијата и да се работи конструктивно за враќање на мирот на Блискиот Исток“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја повика Кина да влијае на Иран за да не го затвори Ормутскиот теснец по нападот на Вашингтон врз иранските нуклеарни локации. Рубио го упати повикот до Кина, откако иранската Прес ТВ објави дека иранскиот парламент одобрил затворање на Ормускиот теснец, низ кој тече околу 20 отсто од глобалната нафта и гас.
Свет
(Видео) Европратеничка ја нарече претседателката на ЕК „Урсула бомб дер Лајен“ поради поддршката за Израел

Шпанската европратеничка Ирене Монтеро ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен „Урсула Бомб дер Лајен“ поради нејзината поддршка за нападот на Израел врз Иран.
Говорејќи за време на пленарната седница, Монтеро ги опиша Соединетите Држави и Израел како „најголеми закани за човештвото“ и рече дека многу лидери на ЕУ „го хранат чудовиштето“.
Монтеро исто така остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој му се заблагодари на Израел, велејќи дека тие „ја направиле валканата работа за сите нас“.
Spanish MEP Irene María Montero Gil slams “Ursula bomb der Leyen” for backing Israel’s attack on Iran:
Stop bending the knee to Trump and Netanyahu. If you want war, go yourselves. pic.twitter.com/EZppKb5fUZ
— Clash Report (@clashreport) June 23, 2025
„Дали тие се европски вредности?“ – праша Монтеро.
Откако Израел почна масовен напад врз иранските нуклеарни и воени капацитети на 13 јуни – што предизвика размена на напади меѓу двете земји и уби десетици луѓе – голем број лидери на ЕУ, вклучително и Франција и Урсула фон дер Лајен, изразија поддршка за правото на самоодбрана на Израел.
Монтеро, исто така, укажа на двојните стандарди, посочувајќи дека Иран е обвинет за развој на нуклеарно оружје, додека Израел веќе го поседува тоа оружје, а САД остануваат единствената земја што некогаш се осмелила да фрли атомска бомба.
Таа, исто така, се спротивстави на неодамнешниот предлог на НАТО за зголемување на воените трошоци на 5 отсто од БДП на една земја, поставувајќи прашање дали таквата промена навистина ќе ја обезбеди безбедноста на регионот.
Монтеро ја повика Европската унија да престане да клечи пред американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои, како што рече, го водат светот во Трета светска војна.