Свет
Европскиот парламент ја поздрави визната либерализација
Европскиот парламент во својата прва дебата ја поздрави одлуката на Европската комисија за укинување на визите за граѓаните на Македонија
Европскиот парламент во својата прва дебата ја поздрави одлуката на Европската комисија за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.„Македонија ги исполни сите барања за визна либерализација, додека Србија и Црна Гора мора да исполнат уште неколку критериуми”, изјави еврокомесарот за правда и внатрешни работи Жак Баро во среда пред пратениците на Европскиот парламент.Тој додаде дека визната либерализација е важна за засилување на реформите и спречување на организираниот криминал, корупцијата и трговијата со дрога.Грчки пратеник ја поврзаа одлуката за укинување на визите за македонските граѓани со прашањето за името, а бугарски претставник нагласи дека во Македонија се води антибугарска кампања.Другите пратеници ја поздравија одлуката за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Црна Гора и Србија, но нагласија дека таа е дискриминаторска за БиХ, Албанија и Косово и повикаа на што поскоро укинување на визите и за нив. „И честитам на Македонија и посакувам и Србија и Црна Гора да го постигнат истото ниво, тоа би било добро за сите три држави, но лошо е што во овој пакет не е вклучена и Босна и Херцеговина”, изјави словенечкиот европратеник Јелко Кацин.Одлуката за укинување на визите треба да стапи во сила на почетокот на 2010 година, за државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора, кои поседуваат биометриски пасоши, откако ќе биде потврдена од Советот на Европската унија./крај/ста/а/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.