Контакт

Свет

Избори во Германија – гласачите со право на два гласа

Објавено пред

Сојузни парламентарни избори за 17. состав на Бундестагот се одржуваат денеска во Германија, на кои канцеларот Ангела Меркел…

dobivaj vesti na viber

Сојузни парламентарни избори за 17. состав на Бундестагот се одржуваат денеска во Германија, на кои канцеларот Ангела Меркел е сигурен фаворит за добивање на втор мандат. И покрај тоа што е сигурна како мандатар, според последните испитувања на јавното мислење, мали се шансите Меркел да ја формира коалицијата што ја посакува. Анализите на институтот „Форса“, објавени два дена пред гласањето, покажуваат дека посакуваната коалиција на Меркел би можела да освои околу 47% од гласовите, што не е доволно за сигурно мнозинство во сложениот изборен модел во Германија. Според новите изборни правила, секој гласач има право на два гласа. Имено, изборниот систем е сложена комбинација на мнозинскиот и пропорционалниот модел, што во Германија се нарекува „персонализиран пропорционален систем“. Секој граѓанин со право на глас со „првиот глас“ бира кандидат во својата изборна единица и тоа пи релативниот мнозински систем – ќе биде избран оној што ќе добие најмногу гласови. Со „вториот глас“ секој гласач одлучува за пратеникот кој преку таканаречената „покраинска партиска листа“ ќе влезе во Бундестагот. Гласовите од одделните изборни единици и оние дадени за покраинските партиски листи потоа ќе се пресметуваат за да може составот на Бундестагот да биде во согласност со поделбата на гласови на секоја партија. Доколку некоја партија во некоја изборна единица освои повеќе „први гласови“ и со тоа повеќе директни мандати, смее и да ги задржи, без да се презема никаков надомест на гласовите на другите партии. Целта на ваквиот изборен систем е сите партии да бидат застапени во парламентот во согласност со гласовите што ќе ги освојат. Од друга страна, директниот избор во изборните единици овозможува на гласачите да се определат за одредени политичари. Во Германија постои петпроцентен праг за влез во сојузниот и покраинските парламенти. Од 1983. година и влезот на партијата на Зелените во сојузниот парламент, во Бундестагот се застапени шест партии. /крај/б/ст

Свет

ОН ги повикаа САД да го подмират долгот од над четири милијарди долари

Објавено пред

Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации.

Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор финансиски колапс“ поради неплатени членарини.

Баербок изјави дека „секојa земја членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме“, додавајќи дека 160 милиони долари „очигледно не е целосниот износ“.

Минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на својот „Одбор за мир“, иницијатива за која дел од експертите сметаат дека може да ги поткопа ОН. Баербок посочи дека за прашањата на мир и безбедност постои легитимно тело, односно Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.

Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.

„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.

„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Руското разузнавање: Велика Британија и Франција префрлаат нуклеарно оружје во Украина

Објавено пред

Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие планови, објави ТАСС.

Сенаторите ги повикаа ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Конференцијата за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) да ги истражат тврдењата на SVR.

Беше нагласено дека реализацијата на ваквите планови може да доведе до ескалација на конфликтот и да создаде сериозни закани за безбедноста на Русија и Европа.

Во соопштението се наведува дека, според Нуклеарната доктрина на Руската Федерација, поддршката на нуклеарна сила на Украина може да се сфати како заеднички напад.

Претходно, СВР објави дека Франција и Велика Британија активно работат на снабдување на Украина со нуклеарно оружје, наведувајќи ја како можност испораката на француската мала боева глава ТН75 од балистичката ракета М51.1, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија3 часа

(Видео) „Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ“, вели Димитријевиќ

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница,...

Македонија3 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија5 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија6 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија6 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет6 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет6 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа7 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа8 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа8 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија18 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија24 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија1 ден

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...