Свет
Уапсени осомничени за спектакуларниот грабеж во Стокхолм

Уапсени се шест лица за минатонеделниот спектакуларен грабеж со хеликоптер во близина на Стокхолм, соопштија денеска шведските власти.
Уапсени се шест лица за минатонеделниот спектакуларен грабеж со хеликоптер во близина на Стокхолм, соопштија денеска шведските власти.Полицијата уапсила шест мажи на возраст од 21 до 38 години, меѓу кои е и пилотот на хеликоптерот, осомничени за учество во грабежот, соопшти државното обвинителство во Стокхолм, кое ја води истрагата за ограбувањето на државното благо.Точната сума на украдените пари во вреќи од трезорската компанија Г4С се уште не е позната, но некои шведски медиуми шпекулираат дека станува збор за 6,3 милиони евра.Во средата наутро, ограбувачите со хеликоптер се спуштиле на покривот и влегле во трезорот на компанијата, со што извршија грабеж со сценарио достојно на холивудски филм, јавуваат медиумите./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ако Сиријците не си заминат доброволно, ќе им помогнеме да си заминат, рече заменик-претседателката на АфД

Заменик-претседателката на парламентарната група Алтернатива за Германија (АфД), Беатрикс фон Шторх, јасно го кажа својот цврст став за имиграцијата додека зборуваше во живо за Си-ен-ен во неделата навечер.
„Прво треба да се ослободиме од сите оние кои се илегално во Германија, а потоа да ги протераме сите оние кои дојдоа од Сирија бегајќи од Асад и сега го слават неговиот пад на улиците на Германија“, рече фон Шторх на изборната прослава на АфД во Берлин.
Таа продолжи: „Тие треба да си заминат доброволно. Ако не сакаат да си заминат, ќе им помогнеме да си заминат. Истото важи и за оние од Авганистан“.
Фон Шторх додаде дека е „благодарна“ на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс што „укажал дека демократијата е под закана и дека слободата на говорот во Германија е навистина под притисок“. Ова доаѓа откако Венс зборуваше на Минхенската безбедносна конференција претходно овој месец, велејќи им на европските лидери дека таканаречените „огнени ѕидови“ немаат „место“ во демократијата.
Европа
Зеленски: Ни требаат 20 системи „Патриот“, подготвени сме да инвестираме

На Украина и се потребни 20 системи „Патриот“ за заштита од руски воздушни закани, кои ќе чинат околу 35 милијарди долари (33,45 милијарди евра), изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да ја инвестира таа сума.
„Потребни ни се 20 од овие системи („Патриот“), а тоа е дефинитивно 35 милијарди долари. Доколку САД ни обезбедат 35 милијарди долари во форма на „Патриот“, ќе сметаме дека тие инвестирале. Ние, пак, сме подготвени да инвестираме иста сума од наша страна“, рече Зеленски, објави УНН.
Според Зеленски, цената на еден систем „Патриот“ е околу 1,5 милијарди долари (1,43 милијарди евра), иако цената може да се зголеми на 1,8 милијарди долари (1,72 милијарди евра) поради војната. Зеленски, исто така, истакна дека Украина сè уште не ги добила сите системи „Патриот“ што беа најавени минатата година.
Свет
Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, народот во Германија се умори од политиката без здрав разум, особено во однос на енергијата и имиграцијата, кои преовладуваат со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите – претстојат уште многу победи“, рече тој.
Излезноста на овие избори, 84 отсто, беше највисока од обединувањето на Германија.