Контакт

Свет

Чуварите штрајкувале, полицајците на рагби, а затворениците бегале

Објавено пред

Повеќе од педесетина затвореници на Папуа Нова Гвинеја побегнале од затворот бидејќи затворските чувари не дошле на работа, а полицајците следеле рагби натпревар, пренесоа новинските агенции

dobivaj vesti na viber

Повеќето од 54-те затвореници се’ уште се во бегство од затворот Бомана крај градот Порт Морезби, а фатени се 22. Додека локалната полиција била зафатена со обезбедување на австралискиот и неговито домаќин на рагби натпреварот меѓу Папуа Нова Гвинеја и Австралија, затворениците со ножици ги исекле шесте заштитни огради и избегале. „Станува збор за лица кои се затворени за убиства, силувања и грабежи. Затоа ги сметаме за многу опасни“, изјавил полциискиот службеник Фред Јакаса. Бегството било откриено по неколку часови, бидејќи повеќето затворски чувари кои се спорат за нивните плати не дошле на работа. Постојат сомневања дека службеник во затворот ги набавил ножиците со кои биле исечени жиците на оградата за кои не се кажува дали биле под напон. Во затворот инаку имало 600 до 700 затвореници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Состанок на наркобосови во Мексико предизвика крвопролевање

Објавено пред

По воена акција насочена кон состанок на газдите на мексиканските нарко картели, членовите на картелите почнале да се борат меѓу себе, дивеат и палат возила, предизвикувајќи хаос во државите Халиско и Гуанахуато, соопштија денеска локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека еден осомничен криминалец е убиен, а неколкумина уапсени по конфузијата и хаосот во Халиско и Гуанахуато, двете мексикански држави каде насилството е најизразено.

„Очигледно е организирана средба на две банди. „Дојдоа воени единици, што доведе до судири и апсење на нарко босовите присутни на состанокот“, изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор за новинарите, без да ги именува уапсените“ – пренесува порталот „Франс 24“.

Возилата биле оставени запалени за да ги блокираат патиштата во Халиско, дел од тактиката што ја користеа членовите на моќниот картел Нова генерација Халиско за да спречат апсење на неговите членови и пристигнување на воено или полициско засилување.

Инцидентите го натерале американскиот конзулат во Гвадалахара да издаде безбедносна тревога за американските граѓани кои живеат во областа, советувајќи ги да бараат безбедно засолниште.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Франција изгореа 6.000 хектари шума, евакуирани се 8.000 луѓе

Објавено пред

Еден месец по избувнувањето на огромниот пожар во југозападна Франција, пожарот денеска повторно се разгоре и проголта 6.000 хектари шума, по што беа евакуирани 8.000 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Франција во моментов е погодена од нов топлотен бран кој ја влошува сушата во земјата. Генерално е помалку топло отколку за време на топлотниот бран во средината на јули, кога беа срушени многу рекорди со температури над 40 степени Целзиусови.

Пожарот, кој избувна во вчера попладне во департманот Жиронд, зафати 6.000 хектари шума.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманен, кој денеска го посети јужниот дел на Франција каде има и шумски пожари, изјави дека постои можност некој да го подметнал новиот пожар на југоисток.

„Осум пожари избувнаа утринава од 08:00 до 9:00 часот и на оддалеченост од неколку стотици метри, што е сосема невообичаено (за шумски пожари)“ – рече Дарманен, додавајќи дека многу шумски пожари се подметнување пожар или последица од човечка негрижа.

Во последниот топлотен бран во средината на јули, во департманот Жиронд изгореа повеќе од 20.000 хектари шума, а 36.000 луѓе беа евакуирани.

Прикажи повеќе...

Свет

Ексзатвореници откриваат детали од тортурата во руските затвори

Објавено пред

Поранешните затвореници, кои биле затворени во руските затвори, тврдат како биле мачени и силувани. Минатата година се појавија видеа од наводни злоупотреби во затворите во Русија, а сега поединци решија да раскажат Би-би-си каква тортура наводно претрпеле додека биле зад решетки.

dobivaj vesti na viber

Затворската болница во Саратов, која се наоѓа на југозападот на Русија, на светот му стана позната минатата година кога се појавија видео снимки, наводно направени таму, на кои се гледа ужасното малтретирање на затворениците.

Затвореникот Алексеј Макаров знаел за приказните за објектот пред да биде префрлен таму во 2018 година, за време на неговата 6-годишна затворска казна. Затворениците кои биле испратени во Саратов од различни затвори се пожалиле дека нивните здравствени проблеми биле измислени за да можат да бидат измачувани зад затворени врати.

Руските затвори немаат независна контрола, а затворските болници, со правила за карантин, сè уште не се под надзор на никој.

На Макаров му била дијагностицирана туберкулоза, па се надевал дека ќе биде поштеден од тортурата. Сепак, како што тврди, додека престојувал таму, двапати бил силуван.

Жртвите и експертите велат дека злоупотребата на која биле изложени Макаров и другите затвореници е секогаш санкционирана од затворскиот персонал и се користи за уцена и заплашување на затворениците, како и за изнуда на признанија.

Објавувањето на снимката ја принуди руската влада да одговори на скандалот со мачење. Случаи биле пријавени во 90 отсто од руските региони помеѓу 2015 и 2019 година, според независниот руски медиумски проект „Проект“.

Би-би-си анализираше илјадници судски документи од тој период и открил дека 41 член на затворската служба биле осудени во најтешките процеси за злоупотреба на затвореници. Но, речиси половина од нив биле осудени само на условни казни.

Макаров вели дека првпат бил мачен во февруари 2020 година. Тој одбил да признае наводен заговор против управата на затворот, поради што, како што тврди, бил подложен на континуирано сексуално насилство од тројца мажи.

„Ме тепаа 10 минути, ми ја кинеа облеката. Во следните два часа ме силуваа со рачка за метла. Кога ќе се онесвестев, ме полеваа со ледена вода, а потоа повторно ме ставаа преку масата“ – тврди Макаров.

Два месеца подоцна повторно бил нападнат. Го натерале да плати 800 фунти на напаѓачите, а потоа повторно групно го силувале за да молчи.

Макаров за Би-би-си изјавил дека неговото злоставување било снимено на камерата.

„Затворениците знаат дека можат да ги покажат понижувачките ленти на сите во затворот ако не се придржувате“, вели тој.

Макаров бил силуван од други затвореници, а смета дека тоа го направиле на барање на „газдите во затворот“. Жртвата посочува дека за време на тешкото искушение, музиката се пуштала гласно, за да не се слушаат врисоци.

Минатогодишната снимка од Саратов била објавена со помош на друг поранешен затвореник – Сергеј Савељев, кој успеал да прошверцува снимка на која се гледа понижувањето и насилството на десетици затвореници. Тој исто така сметал дека тортурата е санкционирана на највисоките нивоа како дел од организиран систем.

Савелиев имал пристап до снимката бидејќи од него било побарано да работи во одделот за обезбедување во затворот со недоволно персонал. Од него се барало да ги следи и каталогизира снимките од камерите што вообичаено ги носат затворските службеници.

Тој за Би-би-си изјавил дека кога имало тортура во Саратов, персоналот ги терал затворениците да ја вршат својата валкана работа и ги терал да носат камери на облеката за да го снимаат мачењето.

„Ќе ми дадоа наредба да побарам камери од шефот на обезбедувањето“ – тврди Саваљев.

Потоа ќе му биде наредено да ги зачува снимките и периодично да ги пренесува на посебен диск за да можат да ги гледаат повисоките службеници.

Кога дознал каков хорор се случува зад решетки, почнал да ја копира снимката и да ја чува во скриена папка.

На дел од видео снимките насилниците користеле лисици и камери, работи кои биле дозволени да ги користат само затворските работници.

Саваљев вели дека затворениците кои извршиле насилство по правило биле оние кои биле осудени за најтешки кривични дела. Како такви, тие отсекогаш сакале да се „доделат“ за да добијат најдобар можен третман во затворот.

Првото шокантно видео се појави во 2018 година, на кое се гледа како чувари масовно тепаат затвореници во Јарослав, северно од Москва. Единаесет вработени во затворот Јарослав добија минимални казни во 2020 година, а нивните двајца шефови беа ослободени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

КЗБ за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава препорачува изолација и епидемиолошко следење

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија12 часа

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа13 часа

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ13 часа

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет14 часа

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија15 часа

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија19 часа

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија20 часа

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа20 часа

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет20 часа

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија22 часа

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет22 часа

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет23 часа

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет23 часа

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет23 часа

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет23 часа

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет2 дена

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет2 дена

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија2 дена

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија2 дена

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...