Свет
Тројца научница ја добија Нобеловата награда за физика
Чарлс Као, Вилард Бојл и Џорџ Смит ја добија Нобеловата награда за физика за работата во областа на оптичките кабли и полупроводниците
Чарлс Као, Вилард Бојл и Џорџ Смит ја добија Нобеловата награда за физика за работата во областа на оптичките кабли и полупроводниците, соопшти Нобеловиот комитетКомитетот соопшти дека тројцата помогнале да се изградат основите на денешното информатичко општество.„Тие создадоа многу практични иновации за секојдневниот живот и осигураа нови средства за научно истражување”, соопшти комитетот.Као е роден в Шангај и има британско и американско државјанство, Бојл е државјанин на Канада и САД, а Смит е Американец. Научниците треба да ја поделат наградата од 10 милиони шведски круни (1,4 милиони долари)./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

