Свет
Земјотреси во јужен Пацифик – опасноста од цунами отповикана

Земјотреси изутрината предизвикаа паника во јужен Пацифик, поради опасноста од цунами, која е отповикана откако…
Земјотреси изутрината предизвикаа паника во јужен Пацифик, поради опасноста од цунами, која е отповикана откако се покажа дека потресот кренал помали бранови.
Пацифичкиот центар за цунами претходно даде тревога за целиот регион на југозападен Пацифик, вклучувајќи ги и Австралија, Нов Зеланд и Индонезија, откако беа регистрирани два земјотреси со јачина од 7,8 и 7,3 степени според Рихтеровата скала длабоко под површината на морето меѓу Ванату и Соломонските острови.
Центарот за тревога го повлече предупредувањето, откако на Ванату беа измерени бранови од само половина метар, кои не можат да предизвикаат поголема штета.
Поради евентуална опасност од цунами се надгледуваат Хавајските острови и Филипините.
Населението панично бегаше што подалеку од морскиот брег, поради свежите сеќавања на неодамнешниот деструктивен цунами, кој минатата недела усмрти 148 луѓе на Самоа и Американската Самоа./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.