Свет
Операција против мафијата на Сицилија
Италијанската полиција уапси денеска околу 50 луѓе во Катанија, Сицилија заради судир меѓу два мафијашка клана, што можел да избие секој момент, јави Еуропа прес.
Италијанската полиција уапси денеска околу 50 луѓе во Катанија, Сицилија заради судир меѓу два мафијашка клана, што можел да избие секој момент, јави Еуропа прес.
Силите за безбедност одлучиле да ги спречат таквите случувања меѓу мафијашите, откако ги откриле плановите за убиство на две лица, што можело да предизвика крвави судири меѓу клановите Капело и Сантапаола.
Истрагата ги открила и имињата на убијците од Капело, како и датумот и часот кога требало да бидат извршени егзекуциите.
За да спречат вооружен конфликт, властите дури ги предупредиле и потенцијалните жртви, двајцата членови на Сантапаола да не излегуваат од своите домови.
Во вториот дел од операцијата денеска беа уапсени околу 50 луѓе. Наредби за апсење се издадени за уште 20 луѓе, но тие се наоѓаат во затвор заради други дела./крај/бг/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска повторно отвора два гранични премини со Белорусија
Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји.
Полските власти денес на полноќ повторно ги отворија контролните пунктови на патиштата Кузница и Бобровници.
Според новата одлука, преминот Кузница – Брузги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровници – Бјерестовица ќе дозволува премин на автомобили, автобуси и камиони, објавува ТВП Ворлд.
Фото: принтскрин
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе.
Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз на гас за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади, изјави украинскиот претседател, пренесува Политико.
Украина подготвува договор со Франција за зајакнување на борбената авијација, воздушната одбрана и другите одбранбени капацитети, изјави Зеленски.
Фото: принтскрин

