Свет
ЕУ бара што поскоро решение за името
Претставниците на Европската унија (ЕУ) во Македонија побараа што поскоро решавање на прашањето за името, пред состанокот на Советот на ЕУ во декември. „Искористете го секој час, секој ден, секоја недела, и направете максимални напори до декември да изнајдете решение околу спорот со Грција“
Претставниците на Европската унија (ЕУ) во Македонија побараа што поскоро решавање на прашањето за името, пред состанокот на Советот на ЕУ во декември.
„Искористете го секој час, секој ден, секоја недела, и направете максимални напори до декември да изнајдете решение околу спорот со Грција“, порачаа во четврток на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере и амбасадорот на Шведска, која претседава со Унијата, Ларс Фреден.
„Имаме позитивна атмосфера која треба да продолжи и ова е најдобар момент за да се најде конечно решение со Грција“, рече Фуере, апелирајќи до Владата да го искористи овој моментум за вистински веднаш да ги засили разговорите со грчката влада во рамките на процесот во ОН, за да може да дојдеме до компромисно решение кое ќе биде во интерес на двете земји и во интерес на евроинтегративниот процес.
„Советот своите одлуки ги донесува со консензус. Тоа е многу едноставно, и сосема се согласувам со амбасадорот Фуере за тоа дека остануваат шест недели и еден ден додека министрите за надворешни работи и Секретаријатот за европски прашања се сретнат во понеделник на 7 декември“, изјави Фреден.
Македонија на 14 октомври во извештајот на Европската комисија доби препорака за започнување на преговори за полноправно членство во Европската унија. /крај/а/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска повторно отвора два гранични премини со Белорусија
Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји.
Полските власти денес на полноќ повторно ги отворија контролните пунктови на патиштата Кузница и Бобровници.
Според новата одлука, преминот Кузница – Брузги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровници – Бјерестовица ќе дозволува премин на автомобили, автобуси и камиони, објавува ТВП Ворлд.
Фото: принтскрин
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе.
Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз на гас за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади, изјави украинскиот претседател, пренесува Политико.
Украина подготвува договор со Франција за зајакнување на борбената авијација, воздушната одбрана и другите одбранбени капацитети, изјави Зеленски.
Фото: принтскрин

