Свет
Меркел повторно избрана за германски канцелар
Лидерката на партијата на германските конзервативци, Ангела Меркел (55), в среда е избрана за втор четиригодишен премиерски мандат.
Лидерката на партијата на германските конзервативци, Ангела Меркел (55), в среда е избрана за втор четиригодишен премиерски мандат.
Меркел ја поддржаа 323 пратеници од вкупно 612 присутни во Бундестагот, долниот дом на парламентот, каде нејзината коалиција од десниот центар ужива уверливо мнозинство, пренесуваат локалните медиуми.
Меркел во новиот мандат ќе ја предводи коалицијата на десниот центар во која што покрај Христијанско – демократската унија и нејзината сестринска партија баварската Христијанско – социјална унија се и либералите.
Новата влада од десниот центар ќе спроведе големо намалувања на данокот со ново задолжување и покрај буџетскиот дефицит, јавуваат агенциите./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на раѓања во Франција продолжува да опаѓа и е на најниско ниво од 1945 година
Францускиот национален институт за статистика и економски студии (INSEE) денеска објави дека во 2024 година имало пад на раѓањата за 2,2 отсто во споредба со 2023 година.
Плодноста, која сега изнесува 1,62 деца по жена, никогаш не била толку ниска од 1919 година, објави BFM TV.
Намалувањето на наталитетот во Франција може да се поврзе и со зголемениот број на самохрани лица. Во својот есеј „Битки за наталитетот“, францускиот социолог Жулиен Дејмон детално го анализира падот на стапката на наталитет и паралелното зголемување на бројот на самци – и дава бројни предлози за решенија за овој голем проблем.
„Треба да им понудиме начини на луѓето да се дружат повеќе“, инсистира Дејмон, сугерирајќи дека државата треба да ги финансира претплатите на граѓаните на веб-страниците и апликациите за запознавање што се скапи за сиромашните млади луѓе, со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека две од пет двојки се разделиле.
Свет
Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и САД
Постои само техничко ниво на комуникација меѓу САД и Русија, а не вистински политички дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Како што знаете, постојат одредени канали на комуникација меѓу Вашингтон и Москва, и воени и дипломатски. Но, тоа се прилично технички контакти, без политички дијалог или дијалог на највисоко ниво што се одвива“, рече Песков, пренесе Тас.
„Њујорк тајмс“ претходно објави, повикувајќи се на извори, дека американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот лидер Владимир Путин наводно одржуваат индиректни безбедни канали за комуникација од февруари 2022 година, почетокот на рускиот напад врз Украина.
Регион
(Видео)Вучиќ: Анкета вели дека мнозинството граѓани на Србија се за моја смена, предлагам референдум
Српскиот претседател Александар Вучиќ проговори за можноста за референдум за негова смена.
„Објективниот и непристрасен CRTA ја извести јавноста дека огромно мнозинство граѓани се за моја смена. Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница ниту за политичките партии во Србија, од оваа невладина организација. Се борев за народот и народот е мојата сила. Доколку се точни овие наводи, невозможно е да останам претседател на Србија и затоа опозициските партии треба да поднесат само 67 потписи, а имаат над 80, за одржување советодавен референдум за претседателот на Србија“, рече Вучиќ во видео на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Понудата е повеќе од фер“
Вучиќ рече дека легитимноста е најважна работа во политиката, а суверенитетот секогаш произлегува од волјата на народот.
„Мислам дека понудата е повеќе од праведна. Спротивно на популарното верување, никогаш не ме интересираше владата како таква, ме интересира само напредокот на Србија. Србија не смее да запре. Да живее Србија“, рече Вучиќ.