Свет
ЕУ постигна заеднички став за самитот посветен на климата

Лидерите на земјите члеки на Европската унија в петок во Брисел постигнаа договор за заеднички преговарачки мандат за светската конференција посветена на клима што во декември ќе се одржи во Копенхаген.
Лидерите на земјите члеки на Европската унија в петок во Брисел постигнаа договор за заеднички преговарачки мандат за светската конференција посветена на клима што во декември ќе се одржи во Копенхаген.
Но, тие не се договорија и околу износот што Унијата ќе им го понуди на земјите во развој.
„Имаме договор за климата. Европската унија сега има силен мандат за конференцијата во Копенхаген, ЕУ и натаму е предводник и да се надеваме дека и другите ќе не следат на тој пат“, рече претседателот на Европскиот совет, шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд по завршувањето на дводневниот самит.
Европската унија во Копенхаген ќе дојде со предлог помошта од развиениот свет за неразвиените земји во борбата против климатските промени да се фиксира на 100 милијарди евра годишно до 2020 година.
Голем дел од тие пари би требало да дојдат од буџетите, а остатокот од економијата.
Но, сè уште нема договор за тоа колкав би требало да биде допринот на ЕУ во тој износ, како ни за распределба на товарот меѓу земјите членки на ЕУ./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американскиот федерален суд нареди администрацијата на Трамп да им исплати помош на странските корисници

Федерален судија во Вашингтон денеска и нареди на администрацијата на Трамп да ги исплати средствата за помош на странските корисници според претходните договори и примателите на грантови до среда во 23:59 часот по локално време, истакнувајќи дека нема знаци дека владата презела какви било чекори за да се усогласи со претходната наредба за одмрзнување на средствата.
Одлуката на американскиот окружен судија Амир Али уследи по тужбата поднесена од организации кои склучиле договори за помош со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Стејт департментот, објави Ројтерс.
Оваа одлука се однесува на работи извршени пред 13 февруари.
Свет
Прекин на струја зафати големи делови од Чиле

Големи делови од Чиле денеска беа без струја, од северот на земјата, каде што се наоѓаат рударските центри, до централните и јужните региони каде живее најголем дел од населението, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, соопштија властите.
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, ја загуби моќта, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Од рудникот Антофагаста соопштија дека тој работи со помош на резервен генератор на струја.
Регион
Полицијата го тресе граѓанскиот сектор во Белград

Невладината „Граѓански иницијативи“ соопштува дека полицијата се уште е присутна во нивните простории и дека претресот влегол во 10-ти час.
Во текот на денот, полициските службеници беа во постојан контакт со Обвинителството и побараа повеќе од 100 документи поврзани со проектот на УСАИД, иако Граѓанските иницијативи располагаат само со пет проценти од буџетот за еден проект на УСАИД, се вели во соопштението.
Како што се посочува, оваа акција доаѓа по повеќенеделни медиумски најави на провладините таблоиди и режимски медиуми дека ќе се водат истраги против граѓански организации кои добиваат меѓународна финансиска поддршка.
Ваквиот наратив, кој со години се користи за дискредитирање на организациите кои се занимаваат со владеење на правото, демократијата и заштитата на човековите права, сега е преточен во конкретни институционални потези, кои јасно ја загрозуваат слободата на здружување и дејствување, се наведува во соопштението.
Граѓанските иницијативи укажуваат дека меѓународните документи кои ја гарантираат слободата на здружување, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права, јасно дефинираат дека државите не смеат да користат репресивни мерки за ограничување на работата на граѓанските организации.