Свет
Без договор за заедничка влада во Хондурас
Договорот со кој требаше да заврши четиримесечната политичка криза во Хондурас пропадна во петок.
Договорот со кој требаше да заврши четиримесечната политичка криза во Хондурас пропадна во петок. До негативен исход дојде затоа што двајцата политички ривали Мануел Зелаја и Роберто Мишелети не се договорија околу формирање на заедничка влада. Претседателот на Хондурас Зелаја, соборен од власт со воен удар во јуни, го прогласи договорот за мртов само една недела откако беше потпишан и ги повика граѓаните на Хондурас на бојкот на претседателските избори во ноември, бидејќи сегашниот лидер Мишелети повлече неочекуван потег, донесувајќи одлука да состави влада без Зелаја. Политичките ривали се сложија до четврток да формираат влада на единство и помирување, но се судрија околу тоа кој да биде на чело на владата до моментот во кој парламентот ќе одлучува дали да го врати Зелаја на функцијата. /крај/хи/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж се самозапали во близина на канцеларијата за борба против корупција во Јужна Кореја
Маж се самозапали во близина на јужнокорејската канцеларија за истрага за корупција, каде што отповикуваниот претседател Јун Сук Јеол беше сослушан под обвинение за бунт, соопшти националната противпожарна служба.
Мажoт на возраст од околу 60 години имал тешки изгореници и бил онесвестен по инцидентот кој се случил околу пладне, соопштија од противпожарната служба. Новинската агенција „Јонхап“ претходно објави дека мажот починал.
Толпата луѓе кои протестираа против апсењето на Јун, поврзано со неговата ненадејна одлука да прогласи воена состојба на 3 декември, која ја втурна земјата во политичка криза, сè уште беа собрани пред канцеларијата во моментот на инцидентот.
Свет
Фон дер Лајен доби награда за воспоставување единство на земјите во ЕУ: Таа е моќниот глас на Европа
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е наградена со меѓународната награда Карло Велики, меѓу другото и за нејзините заслуги во зајакнувањето на единството на земјите-членки на Европската унија, соопшти денеска Управниот комитет на наградата.
Фон дер Лајен ја доби наградата за „нејзините услуги за единството на земјите-членки, за спречување на пандемијата на (коронавирус), за единството на решеноста на ЕУ да се брани од Русија и за промовирањето на Зелениот договор“, се вели во соопштението, како што пренесува бриселската новинска агенција Политико.
„Таа ја персонифицира Европа. Таа е моќниот глас на Европа на светската сцена. Таа е таа што има сила да ги застапува интересите на Европа и нејзините сојузници во овие историски времиња“, се вели во образложението за наградата.
Свет
Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа
Висок израелски функционер потврди денеска дека Хамас се согласил на договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, предложени од Катар, пренесе Ројтерс.
Како што објави „Тајмс оф Израел“, висок израелски функционер изјави за веб-страницата „Вала“ дека е постигнат напредок во преговорите со Хамас за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.
Веб-страницата цитираше друг официјален претставник дека Израел е оптимист дека договор ќе биде постигнат најдоцна до утре.
И палестински извор изјавил дека има напредок во разговорите во Катар и дека договорот најверојатно ќе биде потпишан до утре, објави Тајмс оф Израел.
Неименуваниот извор изјавил дека е постигнат напредок на состанокот на лидерите на Хамас, што се одржа рано утрото, каде што биле решени речиси сите прашања, вклучително и она со мапите.