Свет
Македонија на 7 декември ќе добие уште едно разочарување
Владата не е подготвена на суштински преговори за решавање на наметнатиот спор од Грција, поради што 7 декември кога Советот на ЕУ ќе одлучува за датум за почеток на преговори со земјата, ќе биде уште едно разочарување за македонските граѓани
Владата не е подготвена на суштински преговори за решавање на наметнатиот спор од Грција, поради што 7 декември кога Советот на ЕУ ќе одлучува за датум за почеток на преговори со земјата, ќе биде уште едно разочарување за македонските граѓани.
Овие песимистички тонови во пресрет на декемврискиот состанок на министерскиот совет на ЕУ преовладуваа во излагањата на пратеничката на СДСМ Радмила Шеќеринска, лидерот на ЛДП Јован Манасиевски, Сулејман Рушити од Нова Демократија, почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, лидерот на НСДП Тито Петковски, на дебатата организирана од новоформираниот, како што беше нагласено, непартиски и невладин институт Демос.
„По ноемврискиот позитивен извештај на Европската комисија оптимизмот кој беше видлив во Брисел се почувствува во Скопје, но како минува времето, нашиот оптимизам дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ се гасне“, изјави на трибината пратеникот на СДСМ и нејзин поранешен лидер Радмила Шеќеринска.
Таа со разочарување констатираше дека сите индиции говорат дека по ветото за влезот во НАТО, Македонија на седми декември ќе добие уште една шлаканица.
Шеќеринска како многу опасна ја оцени денешната изјава на премиерот Никола Груевски дека ако Грција повторно стави вето тоа ќе значи дека Атина не сака решавање на прашањето за името. Според Шеќеринска, Груевски со ваквата изјава ја подготвува јавноста да се подготви на нова грчка блокада на евроатлантските аспирации на земјата.
Лидерот на ЛДП Јован Манасијевски рече е дека поумерен оптимист, и дека не очекува земјата да добие датум за преговори, но изрази надеж дека Советот на ЕУ нема да ја затвори целосно вратата туку ќе даде продолжен рок за решавање на разликите околу името.
Тој рече дека е неопходен внатрешен консензус и принципиелен договор.
Воведно обраќање на промоцијата на Демос имаше неговиот директор, поранешниот амбасадор Ѓорги Спасов, кој рече дека институтот ќе дава добронамерни совети на Владата во остварувањето на стратешките определби на државата.
Спасов додаде дека задача на оваа тинк-тенк организација е да се создаде комуникациски простор во кој ќе се дебатира за суштествените прашања за развој на Македонија, да се мотивира политички дијалог без уцени и заплашувања, како и толеранција и развивање на интеркултурниот дијалог.
Основачи на новоформираниот Демос се поранешниот амбасадор Нано Ружин, некогашниот член на потесното раководство на СДСМ Никола Поповски, како и Ризван Сулејмани, кој беше министер на Демократската унија за интеграција.
Пратеничка од СДСМ и нејзин поранешен лидер Радмила Шеќеринска е претседател на Советодавниот борд, во кој, меѓу другите, членуваат и Јован Манасијевски, Предраг Трпески, Илија Филиповски и Мерсел Биљали.
Актуелното раководство на СДСМ уште пред промоцијата на Демос изрази сомневање дека зад неговото формирање стои обид на власта за расцепкување на опозициското ткиво./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.